Груби се пофали: Градиме автопат со шест ленти до Ќафасан
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес во Тирана го потпиша „Договорот за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортот на стоки меѓу двете земји“.
-Уште повеќе, тежината на овој проект кој вие почнувате да го реализирате во однос со мојата земја, го зголемува проектот кој е главен приоритет на Владата на Република Македонија, изградбата на патниот и железничкиот дел од Коридорот 8 што ќе го олесни и модернизира движењето на моите сограѓани до просториите на пристаништето во Драч, но и до Албанија воопшто.
Да поедноставиме, градиме автопат со 6 ленти од Скопје до Ќафасан, со што растојанието помеѓу Скопје и Тирана ќе се намали на 2,5 часа, Скопје и Валона на 3 часа. За максимално искористување на пристапот до пристаништето, планираме да ја започнеме и железничката врска Скопје – Кичево – Поградец – Драч. Во јануари ги спојуваме двете гранични контроли во една, со цел конечно да ги отстраниме границите меѓу нас. Ја градиме и интерконективната енергетска врска меѓу нас со два проекта, трафостаница во Охрид и високонапонска врска Битола-Елбасан, изјавил Груби.
Вицепремиерот информирал и за новост што била договорена на последната заедничка седница на двете влади во Скопје, а тоа е изградбата на суво пристаниште во градот Струга.
-Тоа е нова и креативна димензија на комуникација која несомнено ќе придонесе за зајакнување на трговската размена меѓу нашите земји и е составен дел од изградбата на новото пристаниште Драч. Дојде денот оваа искажана идеја да ја формализираме денес со потпишување на договорот за нејзина реализација. Нека се множат заедничките проекти меѓу нашите земји!, порачал Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Ќафасан приведен Србин баран од Интерпол!
На граничниот премин Ќафасан приведен е српски…
На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3…
На граничниот премин Ќафасан, на албанско –…
Спречен обид за шверц на 50 тони…
Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за…
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Бочварски: Граничните премини Ќафасан и Деве Баир…
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски,…