Груевски го цитира Гологанов: Ние немаме толку мака од Турците, колку од Грците, Бугарите и Србите кои се нафрлиле како орли на мрша!
Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсук сподели уште еден од низата текстови во кои зборува за самобитноста и посебноста на македонскиот народ и македонската држава, споделувајќи цитати од македонски дејци, но и странски истакнати личности кои пишувале за Македонија.
Овојпат, Груевски сподели една мисла од митрополитот Теодосиј Гологанов. Во продолжение ја пренесуваме неговата објава:
– Во екот на негирањето кое со создавањето на современата независна македонска држава започна од нашиот јужен сосед, па продолжи од нашиот источен сосед да се потсетиме на зборовите и активностите на митрополит Скопски Теодосиј Гологанов (1846-1926) кој бил македонски национален деец, митрополит, поборник за обновување на Охридската архиепископија и создавање на македонска национална држава. Неговите ставови се директна негација и разоткривање на пропагандата на негаторите на Македонија, нејзиниот јазик, посебност од останатите балкански народи, постоењето на нацијата и самочувството на Македонците далеку пред 1944 година.
Половина век пред 2.август 1944 година, во 1894 година, кога при крајот на 19 век Македонија сеуште е под Османслиска империја но духовно главно поделена помеѓу бугарската црква (егзархијата) и грчката црква (патријаршијата), овој историски лик чие име не случајно го носи еден од најголемите булевари во Скопје вели:
“Ние Македонците немаме толку мака од Турците, да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат… Нашата Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи… Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А, нашата света Егзархија го убива ова другото, постојаното… Ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријашијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во лоното на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква. Не е ли крајно време да се запре националното делење на ист народ само поради тоа што едниот ја признава Патријашијата, другиот Егзархијата, а третиот му се клања на Мухамед”.
Теодосиј Гологанов во тоа време на доминација на егзархијата и патријаршијата кои многу активно работеле на асимилација на македонскиот народ кон бугарскиот, односно грчкиот, излезот го гледал и на тоа активно работел да се договори со папскиот нунциј во Цариград за покровителствто на Римокатоличката црква над евентуално обновената Охридска архиепископија.
Тој преговарал да се обнови стародревната Охридска архиепископија, која ќе биде во канонско единство со Римокатоличката црква, со непосреден благослов на светиот отец Папата.
Ценел дека тој може да ја превземе одговорноста и ризикот да застане на чело на обновената Охридска архиепископија. Истовремено предлагал другите луѓе од високиот клер (епископите, свештеномонасите и мирските свештеници) да бидат родум Македонци и назначувани од архиепископот, а епископите можат само да бидат потврдувани од Римокатоличката црква. Границите на Архиепископијата предвидувал да се поклопуваат со границите на геогравска и етничка Македонија и да нема мешање во внатрешниот црковнопросветен живот на Архиепископијата, а во тоа време сите училишта биле отвора и од црквата. За овие свои ставови тој бил разрешен, разместен од егзархијата, имал големи проблеми.
Митрополитот Теодосиј Гологанов извршил силно влијание врз младата македонска ителигенција и придонел да се разгори македонското национално чувство кај македонското граѓанство, што подоцна го забележале повеќе македонски национални дејци, од кои еден е Петар Поп Арсов.
Неговото сменување предизвикало револт кај македонскиот народ и се сметало како напад на националните сремежи. Сменувањето предизвикало масовни протести против Бугарската егзархија и тоа не само од страна на Скопската туку и од другите црковно – училишни општини (Охрид, Битола, Прилеп, Сер, Солун, Неврокоп, Штип, Струмица, Велес и други). Протестите носеле македонски национален белег, бидејќи се потенцирало дека Теодосиј Гологанов по потекло е Македонец, кој се стремел да ја обнови Охридската архиепископија. – напиша Груевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсените Срби во Косово одат во притвор
На петмината уапсени Срби од Пасјан кои…
Четворица Срби уапсени во Косово: Остра реакција…
Канцеларијата за Косово и Метохија потврди дека…
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…