Груевски го цитира Груев: Досегашното искуство на нас Македонците ни покажа дека само со сопствени сили може да се избориме за ослободување на Македонија
Поранешниот премиер Груевски продолжува да објавува историски сведоштва и факти поврзани со посебноста на македонскиот народ.
Во последната објава на Фејсбук, Груевски го цитира македонскиот револуционер Даме Груев, в продолжение неговата објава:
– 1891 година: Полициски стенограм од сослушувањето на притворениот Дамјан Груев во Софија, каде се декларира за Македонец
Малку пред формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО, подоцна ВМРО) во 1893 година, се формирала Младата македонска книжовна дружина која во Софија го издавала списанието “Лоза”, по што биле познати под името Лозари.
Во неа членувале дури тројца од шесте подоцнежни оснивачи на МРО – Дамјан Груев, Петар Поп Арсов и Иван Хаџи Николов, но членови биле и Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Војдан Чернодрински, Христо Матов, Коста Шахов, Димитар Мирчев, Александар Караѓулев, Георги Баласчев, Тома Карајанов, Арсениј Јовков, Ефтим Спространов, Наум Туфегџиев и Христо Попкоцев.
Во јануари 1892 година, Младата македонска книжовна дружина го објавува првиот број на своето списание „Лоза“.
Практично голем дел од најголемите имиња на македонската револуционерна борба од крајот на 19-ти и почетокот на 20 век биле членови или соработници на оваа дружина.
Кога лозарското движење било формирано, постоел терор и прогон во Бугарија против про-македонски активности. Тој терор бил засилен во времето на бугарскиот премиер Стефан Стамболов.
Нивната работа била запрена од страна на експонентите на Стамболовата влада. Бугарската влада ја уништила Младата македонска книжовна дружина во Софија, под изговор дека нејзините членови биле македонски сепаратисти.
По формирањето на дружината и нејзината објавена програма, дел од оснивачите биле 14 дена притворени од бугарската полиција. Меѓу нив бил и Дамјан Груев. Подолу сегмент од полицискиот распит на Дамјан Груев, една година пред формирањето на МРО(ВМРО), цели 53 години пред заседанието на АСНОМ во 1944 год. во Софија, во 1891 година, и неговите одговори во кои јасно се декларира како Македонец.
Од записниците од распитот во бугарската полиција во Софија, при сослушувањето на притворениот Груев во Софија од страна на бугарската полиција, поради „сепаратистичка дејност“, меѓу останатото, стои:
-„Сметаш дека тоа води кон сепаратизам и ѝ нанесува огромна штета на бугарштината во Македонија?”
– Досегашното искуство на нас М а к е д о н ц и т е ни покажа дека само со сопствени сили може да се избориме за ослободување на Македонија”.
– „Кој ви пречи тука во Софија да се школувате и како чесни Бугари да заминете во Македонија?”
– “Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија зашто ни беше ветено од бугарскиот дипломатски агент во Белград, г. Минович, дека ќе имаме полна слобода за здружување на нас М а к е д о н ц и т е. Ние со ништо не сме згрешиле спрема бугарските закони. Нашиот грев е во тоа што ја сакаме нашата татковина..Кога дојдовме тука се надевавме братски да не помогнете да создаваме своја интелигенција што ќе ја поведе татковината во борба за ослободување.. Како што изгледа ние сме измамени.”
– “Како не сте згрешиле спрема бугарските закони кога без знаење на власта сте свикувале собрание и сте основале студентско друштво?”
– „Нашето друштво не е политичка организација, туку студентска книжовна дружина, па не сметавме дека за такво здружување треба дозвола од полицијата. Впрочем, такво здружување ни е ветено во Белград и ние постапивме според него… Ако сметате дека за тоа е потребна дозвола, ќе ја побараме“.
– „Велиш дека вашето студентско друштво не е политичка организација, а самиот изјавуваш дека ќе се борите за ослободувањето на Македонија. Не е ли тоа политичко прашање, револуција?“
– „Тоа не е насочено против Бугарија, туку против Турција. Во тоа треба и вие братски да не помогнете, ако не сметате за браќа”.
– Зошто ви е такво списание кога во Бугарија има такви во кои можат да пишуваат сите, па и М а к е д о н ц и т е?”
– „Тукашните списанија не можат да обезбедат доволен простор за македонските проблеми, а положбата во Македонија е таква што бара посебно гласило. Нам ни претстои долга и макотрпна борба за обединување на народот во Македонија за да се спротивставиме не само на турскиот терор, туку и на туѓите пропаганди што го цепат народот на Срби, Грци и Бугари”. – -“Значи ли тоа дека списанието ќе биде и против Бугарија?”
“Списанието ќе излегува тука во Софија и вие секогаш ќе имате можност да го цензурирате. Ќе излегува јавно. Тоа е и доказ дека нашето студентско друштве не е илегално, како што не обвинувате.
(Стеногеамот изваден од Б.Ристовски,Македонската национална свест од лозарството до другарството…Б.Светозаревиќ, Македонци милиниумски сведоштва за идентитетското име)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…