Груевски го честиташе Денот на Бошњаците
Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук, го честиташе денот на етнички Бошњаци.
– Со измена и дополна на законот за празниците од 2007 година, денешниот меѓународен ден на Бошњаците е празник во Македонија и неработен ден за сите етнички Бошњаци.
Ставањето на овој ден за празник во 2007 година беше израз на почит и израз на чувство на заедништво кон нашите сограѓани, како оние кои со генерации и со векови се на македонска почва, понатаму оние кои се населија во време на заедничката држава Југославија, така и оние кои се дојдени по создавањето на независната македонска држава, особено оние кои дојдоа како бегалци од војната во БиХ, а голем дел од нив останаа засекогаш во Македонија во деведесетите. И многу брзо влегоа во нашите срца.
Честитки драги Бошњаци!!! – напиша Груевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…