Груевски за поплавите во Стајковци: Плачот на многумина сиромашни луѓе во чии целосно уништени домови влегов сѐ уште ми одзвонува во ушите
*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски по повод годишнината од поплавите во Стајковци
ТРАГЕДИИТЕ ВО СТАЈКОВЦИ И ОКОЛИНАТА И ШИПКОВИЦА И ОКОЛИНАТА ВО 2016 и 2015 ГОДИНА
Таа 2016 година не бев премиер. Согласно т.н. “пржински договор” имаше техничка влада и премиер, а јас бев само кандидат за премиер на изборите кои престоеја за 3-4 месеци.
Само што бев пристигнал со семејството на неколку дневен годишен одмор во Турција. Мислам дека поминавме еден или два дена заедно во близината на Фетие, Турција, кога едно лице од обезбедувањето тоа утро ме разбуди и ме информира дека итно ме бараат некои од моите соработници. Во Скопје се случила огромна временска непогода, во погодените делови е хаотично, населението е во хаос и има огромни штети, а ни кажаа и дека има жртви.
Веднаш го грабнав телефонот и уште нерасонет се јавив да се информирам. Звучеше многу лошо, ми кажаа дека централно погодено место е населеното место Стајковци, но и многу околни населени места во скопскиот регион.
Загинатите во невремето биле во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.
Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.
Невремето и поројот од водата предизвикал пад на дрвја, а домовите останале без електрична енергија. Околу илјада граѓани биле евакуирани во текот на ноќта на 6 август.
Еден медиумски натпис денеска ме потсети на големото невреме и поплава во Стајковци и околните населени места што се случи на 6 август 2016 година, во кој загинаа 22 лица.
Во разговор со преставници од мојот кабинет, како и некои членови од владата заклучивме дека ќе им треба мојата помош и искуство и дека треба да го прекинам годишниот одмор и веднаш да заминам. Техничкиот премиер Емил Димитриев одлично си ја вршеше работата, но ова беше вонредна ситуација во која сите мораше веднаш да сме на куп. Искуствата од претходни вакви ситуации беа потребни сега.
Една година претходно, на 4. август 2015 година, голема временска непогода се случи во тетовско, во Шипковица, Горна и Долна речица и неколку други населени места, исто така со човечки жртви. Тогаш бев се уште премиер и бев во Скопје околу 20:00 часот кога дознав што се случило и кога веднаш во рекорден рок го мобилизирав државниот апарат, со дополнителна помош од градот Скопје и го предводев конвојот за помош во Шипковица, во моменти кога патот се уште важеше за непрооден и се уште никој не се осмелуваше да се упати во Шипковица заради невремето, одрони на карпи, обилни полави, паднати дрва на патот и слично.
Така со нас успеа да влезат не само екипите за справување со поплави, туку и брзата помош, војската и екипите за спасување со опремата за извлекување вода и веднаш на лице место се формираше кризен штаб кој во една локална чајџилница веќе беше почнал да се оформува од локалните мешатни во една чајџилница.
Таму исто така имаше огромни штети кои ги саниравме некој итно, а за некои ни требаа месеци на работа, вложувања огромни непланирани инвестиции и организација.
Проценката дека заради моето искуство за брза мобилизација и активност треба да се вратам и да помогнам во скопскиот регион на тој 6 август 2016 година се покажа исправна.
Во посредство со Миле Јанкиески, компанијата ТАВ се понуди бесплатно да испрати мал авион по мене за брзо да пристигнам во Скопје. Државниот авион не смеев да го користам, бидејќи веќе не бев на државна функција. Ако се враќав со комерцијални летови, ќе стигнев дури касно вечерта на местото на настанот. Оваа решение и брзата реакција на ТАВ овозможи за 2-3 часа да сум во Скопје на местото на настанот, каде и оперативно ја превземав командата во справувањето со оваа временска непогода.
Глетката беше ужасна. Луѓето очајни, загубиле се што спечалиле. Посебно траорно беше онаму каде имаше загинати луѓе во семејствата.
За неколку часа, целокупниот државен апарат беше во полна функција и точно секој ја знаеше својата улога, задача и место. Сите што беа потребни, а заминати на одмор, беа вратени од одмор.
Ангажиравме огромна механизација и од приватниот сектор кој излезе ви пресрет.
Се работеше деноноќно.
Луѓето чии домови беа уништени беа времено дислоцирани. Улиците и куќите беа полни со кал и вода. Многу ѕидови срушени и уништени улици. На крајот сите до еден државата ги обештети 100% од штетата која ја имаа, одкако веќе во првите денови добија прва финасиска помош како аванс.
Плачот на многумина сиромашни луѓе во чии целосно уништени домови влегов се уште ми одзвонува во ушите. Во тој момент тие имаа загубено се што стекнале и имаа. Ги тешев дека најважно е што се живи и здрави, а за другото дека нема да бидат заборавени и дека ќе им биде помогнато. Им велев дека се може да се врати и плати, освен животот и здравјето.
Но, тоа не можев да го кажам на пример една година порано во Шипковица кога влегов во куќата на албанско семејството на едно удавено малолетно девојче во поплавата кое се уште во тој момент во ноќта немаше како да биде извлечено од подрумот на една куќа за каде се знаеше дека се наоѓа телото на девојчето. Загубата на близок и тагата немаат етничка припадност, болката е иста, загубата неповратна.
Луѓето беа изненадени од брзатото доаѓање и мобилизација, а уште повеќе што токму јас како Македонец пристигнав со свита на народ и институции за да им помогнеме. И им помогнавме. Некои велат кога си премиер на сите си премиер. Јас велам, не си човек, ако не си човек кон сите кога се во мака.
И така се случи, како во Шипковица, Долна и Горна Речица и друго населени места во тетовско каде имаше и срушени мостови, така и во Стајковци кафе не само што сите улици беа обновени, туку беа асфалтирани и многу улици кои дотогаш не биле. Еден соработник малку на шега, малку сериозно ми рече: “како што е тргнато да се гради таму, тие ќе добијат повеќе од што имале”.
Му одговорив дека тоа не може да се случи колку и да изградиме улици таму и колку и да им платиме за загубеното, бидејќи никој не може да им ги врати спомените, нивните уништени фотографии од моменти кои се длабоко во нивните срца, драги поклони добиено од саканата личност, чија вредност не е матерјална, туку емотивна. А стресот од таа трагедија? А загубените животи? …
Сепак обештетувањето на оштетените граѓани и обновата на населените места кое го направи владата им ја врати надежта на тие луѓе, но и вербата дека не биле заборавени и оставени само на себе. Дека има држава зад нив и има човечност во општеството во кое живеат.
На моето семејство во таа 2016 година им го продолжив одморот за да можам барем 2-3 дена да бидам со децата заедно таму. Одкако работите беа под полна контрола, по 6-7 дена се вратив во Турција, каде поминав уште неколку дена и потоа заедно се вративме во Скопје. Но, погодениот реон го посетував уште неколку пати подоцна, за да се уверам дека ветеното се остварува.
Имавме временски непогоди и мисија за справување инсанирање со нив. Дадовме се што можеме.
Се друго е историја. Особено лична историја на тие луѓе од погодените региони.
Јас ја раскажав мојата приказна, од моја гледна точка. Но, нивната сигурен сум дека ќе звучи многу потраороно, особено на оние кои загубија членови на семејството во таа ужасна ноќ во скопско и претходно во тетовско.
Сите оние кои сакат да се присетат на овие тажни денови во Македонија, имаат неколку ликови подолу.
Скопско август 2016 година:
Тетовско август 2015 година:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски за поплавите во Стајковци: Плачот на…
*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…
Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…
11 лица загинаа откако мост во Кина…
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30…
На Флорида прогласена вонредна состојба поради поплави
На повеќе места на Флорида е прогласена…