Груевски за состојбата во МЖ: Имаше време кога имаше возови, па дојде “месијата” што се вози во луксузни возила, а вие чекајте воз во некое друго време

t

Девастирана држава: дојде време на Македонија безмалку без возови

Со неверување деновиве ја примив веста дека Македонија безмалку останала без возови.

Од 25 октомври се укинувале по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе останал само по еден пар возови дневно. Претходно уште во јануари патничките возови на релација Скопје-Куманово-Табановце-Скопје не сообраќаа заради немање машиновозачи и влезни средства и до денес нема сообраќај иако во јуни годинава се вработиле 40 машиновозачи.

Претходно, во мај 2021 година беа укинати возовите на релациите Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Во 2021 година беше укинат и брзиот воз Скопје-Приштина-Скопје, а од 2018 година не сообраќа ниту експресниот воз Скопје-Битола-Скопје. Граѓаните веќе неколку години не можат да патуваат со воз и на релацијата од Скопје кон Белград и Солун. Историјата на Македонски железници не познава толку мал број на поаѓања на возови во домашниот железнички сообраќај што некогаш претходно бил организиран од државната железница.

Во септември годинава неколку недели и товарниот сообраќај беше запрен. Возови се заглавуваат во тунели и тоа е тема во земјата со денови во недостиг на други теми.

Близу 1000 луѓе работат во ЈП Македонски железници.

Македонија во делот на меѓународниот возен патнички сообраќај е вратена на периодот пред 1870 година период кога османлиската империја ја градеше првата пруга од Солун кон Скопје. Почетоците на возот како превозно средство на наша територија датираат од крајот на 19 век, односно изградбата на првата пруга Солун – Скопје – Митровица од страна на Османлиите. Во 1869 година доделена му е концесија на бриселскиот банкар, баронот Хирш, кој покрај Солун – Скопје – Митровица имал задача да изгради пруги во вкупна должина од 2.000 км, со што би го поврзал Истанбул со Западна Европа.

Македонија е веќе слепо црево на Балканот во однос на железницата. Однадвор личи како некоја територија која мора да се заобиколи, а најчесто такви се тие кои имаат војна или други високо безбедносни ризици. Во овој сегмент Македонија по само шест години власт на СДСМ е девастирана, пропадната држава. Веќе нема земја ни во регионот, а уште помалку во Европа со која може да се споредуваме, па споредбата е можна само со дел од земјите на континентот Африка.

Дури и во последната фаза на османлиската империја или при крајот на она раштимано Кралство на СХС и Кралство Југославија во годините меѓу двете светски војни, држави во кои многу слабо функционирале институциите, периоди кога пругите биле една од целите на комитските чети, кренатите во воздух шини биле брзо поправани и пак меѓународните возови поминувале поврзувајќи ја Европа со Османлиската Империја или подоцна со Турција и Грција.

И како во вакви состојби да ви дојде инвеститор, како да имате конкурентни фабрики и како земјата да личи дека е подготвена за членство во ЕУ?

Толку многу инвестиции направивме помеѓу 2007 и 2017 година за на крај чекор по чекор, систематски, по превземањето на власта во земјата од СДСМ предвидена од Заев на 31 Мај 2017 година, во Македонија безмалку да не вози ниту еден воз ниту да поминува еден меѓународен воз.

Се сеќаваме на набавката на нови патнички возови која целосно се комплетира на почетокот на 2017 година во вкупна вредност од 25 милиони евра, кои после инфлацијата во последните 7-8 години е еквивалент на над 35 милиони евра, со која речиси во целост се обнови возбиот парк во патничкиот возен сообраќај?! При тоа се изврши набавка на 4 дизел-моторни гарнитури и 2 електомоторни гарнитури. Првиот електромоторен воз пристигна во октомври 2015 година а повеќето во 2016 година.

Претходно во 2015 година се набавија 150 нови вагони од различни типови за товарен превоз во вредност од 15 милиони евра, што по инфлацијата е над 21 милион евра. Се реновираа два дизел моторни возови за патнички превоз во 2012-2013 година, како и реновирани 10 вагони за патнички превоз во истиот период.

Се изгради пруга, односно се направи оперативна пругата од Битола до Кременица (Р.Грција) чии рок на завршување требаше да биде во втората половина на 2017 година но со доаѓањето на новата власт се одложи за 2-3 години. За проектот беа предвидени околу 19 милиони евра кои сега по инфоацијата се како 27 милиони евра, но претпоставувам со доаѓањето на новата власт тоа е повеќе. Направивме и темелен ремонт на делницата Ногаевци – Неготино, 31 км за да може да се вози со 120 км на час, инвестиција од околу 10 милиони евра, што по сегашна вредност е околу 14 милиони евра.

Се рехабилитира и се надгради железничката станица во Скопје со 2,6 милиони евра, а со други околу 2 милиони евра истото се направи и со железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија,Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино-Вардар. Тој износ од 4,6 милиони евра е како сегашни 6,5 милиони евра.

Воведовме електронски систем за следење на вагони и електронски товарен лист како и ЕПР во ЈП Макеоднски Железници-Транспорт за поефикасна комуникација со клиентите како и поголем квалитет на услугите во товарниот транспорт.

Се реновираа работилниците за одржување на железничките возила за што се вложија 2.3 милиони евра.

Во март 2014 година започна рехабилитација на делницата Куманово Бељаковце, 31 км, проект во кој влегува и изградба и реконструкција на три железнички станици Куманово, Шупљи Камен и Бељаковце, шест стојалишта во Лопате, Перо Чичо, Проевце, Доброшане, Клечовце о Довезанце, како и изградба на нови надвозници и подвозници за што се инвестираа близу 40 милиони евра.

Започна изградба на нова пруга и рехабилитација на постојните инфраструктурни објекти на делницата Бељаковце – Крива Паланка во должина од 32 км како дел од проектот за железничко поврзување со Бугарија. За ова се обезбеди кредит од 147 милиони евра од ЕБОР. Во проектот се предвидуваат и градба на две железнички станици во Кратово и Гиновце, 3 стојалишта, надвозници, подвозници итн. Градбата која почна во 2016 требаше да е готова до 2020 година.

Околу изградба на нова пруга од Крива Паланка до границата со Бугарија во 2015 година се избра фирма која ја проектираше оваа делница, како трета фаза во проектот за железничко поврзување со Бугарија. Се очекуваше почеток на градба во 2018 година.

Се направија подготовки за основен проект и тендерска документација за изградба на нова пруга која ќе го поврзе Кичево со границата со Албанија (Кичево-Лин) како дел од коридорот 8, со буџет од околу 10 милиони евра, со план и проект за изградба на железничка пруга како крак до Охрид, во должина од вкупно 63 км. Проектот и се друго беше завршено пред промена на власта во 2017 година.

Планот беше градба на нова едно- електрифицирана железничка линија од Кичево до Лин, граница со Албанија и еден крак до Охрид. До каде стигна ова денес во ноември 2023 година? До никаде.

Да ги спомнам и физибилити студиите и проценка на влијанието на животната средина и социјалниот живот за пругите кон Бугарија и онаа до Албанија кои исто така чинеа околу 1,5 милиони евра бидејќи и тоа чинеше пари.

Воведовме билети за повеќе патувања од јуни 2014 година па беше овозможено:

Бесплатно патување за стари лица за превоз со железница секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);

Бесплатно патување на млади лица (до 27 години) секој трет викенд во месецот (петок, сабота и недела);

Попуст од 50% на билети за ученици и студенти (до 27 години);

Бесплатно пативање на студенти секој четврток;

Голем дел од овие привилегии беа укинати понсмената на власта.

Подготовка на студии за развој на стратешки мултимодални транспортни јазли. Во периодот април 2012-април 2014 година, се изработи студија кофинансирана од ИПА-фондовите, во која се утврдени најповолните локации за изградба на мултимодални јазли на територијата на Македонија и тоа: Бунарџик и Кичево. Вредноста на проектот беше 1,1 милион евра…

Се што беше започнато и недовршено запре, или толку многу се успори што се заборави дека се правело.

И на еден таков инвестициски циклус дојде “месијата” црпнат од некоја нива како што самиот ви соопшти да ја спаси Македонија. 425 илјади луѓе поверуваа иако беше предупредено зошто доаѓа а и не е дека немаа видено од видео снимки со што се занимавал претходно. Видовме како ја спаси Македонија и тој и целиот негов тим и нивните наследници во власта. Денес тој на неговата најчеста релација Скопје-Струмица се движи со најлуксузно возило, а вие чекајте воз во некое друго време. Тој сега очекува да му успее планот за уште два мандати тој да е дел од власта и на раат да го продолжи истото што досега го правел.

*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски – ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

За влакно избегната катастрофа: Два воза се…

Два воза директно се судриле во Софија…

Владата повторно ги спасува „Железници“ со 16…

Иако на крајот од минатата година, преку…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Се бара нуркач за да ја провери…

Се бара нуркач за да ја провери…