Груевски изрази сочувство за смртта на папата Бенедикт Шеснаесетти: Голем мислител и духовен авторитет посветен на Бог до крајот на животот

t

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук изрази сочувство за смртта на папата Бенедикт Шеснаесетти.

– Исклучително голем мислител, голем духовен авторитет и посветен на Бог до крајот на животот. Со голем број духовни, теолошки и филозовски трудови зад себе, член на повеќе академии и многу влијателен во Ватикан уште децении пред да стане Папа.

Папата Бенедикт XVI по многу нешта остави белег зад себе иако заради поодмината возраст самиот се повлече во 2013 година, што само по себе е преседан што историјата ќе го памети.

Токму кај него бев на официјална аудиенција на 16 декември 2006 година, што беше моја втора официјална билатерална меѓународна посета како премиер, после посетата на канцеларот на Германија во Берлин. Потоа имав чест по повод чествувањето на Св.Кирил и Методиј да имам уште две средби, во 2008 и 2012 година.

Секогаш со пријателскио внимание и почит слушаше за предизвиците на Македонија. Администрацијата на Ватикан под негово водство секогаш беше подготвена да излезе во пресрет кога нешто во нашите дискусии произлезеше како потреба за Република Македонија.

Покажа голем позитивен интерес кога на последната средба му најавив дека планираме изградба на споменична композиција на Мајка Тереза во Скопје, чија доградба во моментот е запрена.

Сочуство до сите католички верници!

Нека почива во мир! – напиша Груевски на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…