Груевски му честиташе на „Амфенол“ и наброја кои се странски инвестиции надвор од ТИРЗ се донесени во Македонија
Деновиве го видов видеото како фабриката на американската мултинационална корпорација Амфенол кај Кочани го примила три илјадитиот вработен, станала нивна фабрика со најголем број вработени и планира следната есен да започне градба на уште една фабрика во Македонија.
Се потсетив на времето кога ја донесовме во Македонија како браунфилд инвестиција. – пишува на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.
– На овој проект работеше членот на тимот за привлекување инвестиции Христијан Делев, кој беше заменик министер за економија и како и сите десетина членови на тој тим кој го формирав и со кој раководев (не броејќи ги околу 34 инвестициски промотори во различни градови низ светот, како и подршаката од амбасадорите), неуморно и квалификувано работеше на изнаоѓање, убедување и привлекување инвеститори кои ќе отворат нови работни места во Македонија.
Како благодарност од владата на СДСМ Делев доби притвор од 100 дена со медиумски линч против него и други тој ден притворени министри за земјоделие, за потоа да биде целосно ослободен, од едноставна причина што и немаше за што да биде затворен. И тој не беше единствениот од тој тим со кого новата неспособна власт се изживуваше. Од магнет за гринфилд инвестиции, Македонија стана земја во која ретко доаѓа нова меѓународна компанија да инвестира. Но за среќа веќе привлечените компании влегоа со десет годишни (некои и подолги) развојни планови за повеќе фази во нивното инвестирање (повеќе фабрики), па тој наш минат труд континуирано во изминатите години даваше и сеуште дава нови плодови.
Компанијата Амфенол е само една од стотиците компании и фабрики кои во периодот кога ја предводев владата инвестираа во Македонија и допринесоа проблемот број еден во Македонија во тоа време- невработеноста, да не е веќе проблем број еден.
Не е дека во Македонија нема невработени и денес, и потреба за уште домашни и странски инвеститори, но сепак Македонија сега е веќе во следната развојна фаза каде проблем број еден е животниот стандард, висината на заработувачката, а не барање било каква работа за било каква плата како што ситуација наследивме тогаш.
Ако тогаш баравме инвестироти од сите индустрии за да се вработи што повеќе огромна невработена работна сила, за истата да преживее и да не ја напушти Македонија, сега веќе е време кога треба да се таргетираат инвеститори главно со повисока додадена вредност, технологии и заработки за да можат да овозможат повисоки плати.
Тогаш состојбата метафорично кажано беше дека бевме принудени да целиме инвеститори “со калашников”, бидејќи наследивме безмалку 40% невработеност, највисока во Европа во тоа време.
Сега веќе треба да се таргетираат компании и инвеститори “со снајпер”, во смисла компании кои ќе имаат поголемо влијание на македонската економија, повисоки технологии, пософистицирани производи, поголеми заработки, повисоки плати, повидок извоз, поскапи производи и слично, иако и во тие што тогаш ги привлековме голем дел беа токму такви.
Најчесто (и погрешно) доприносот на привлечените странски компании во Македонија се мери според компаниите кои изградија свои фабрики во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ). Па слушаме “фабриките во зоните допринесоа за…”
Но, не се само фабриките во зоните оние кои ја променија Македонија, им дадоа смисла на животот на голем број невработени луѓе западнати во агонија, го дуплираа и повеќе извозот на земјата, го зголемија БДП, овозможија индиректни вработувања преку давање работа на домашните компании, некои од нив како на пример Ван Хол привлекоа и други нови фабрики кои дојдоа да бидат нивни снабдувачи, ја подобрија продуктивноста на работната сила преку додатни обуки, современа организација и врвен менаџмент систем и најважни задржаа во земјата илјадници луѓе да не си заминат.
Надвор од зоните привлековме исто така многу фабрики и други типови мултинационални компании со капитал од многу земји од светот.
Такви се освен американската компанија “Амфенол” кај Кочани, и повеќе други.
Еве дел од нив на кои сега можам да се присетам и многу од нив и понатаму се шират:
-германските “Дрекселмајер” кај Кавадарци,
-германскиот “Кромберг и Шуберт” кај Битола,
-германскиот “Костал” во Охрид и
-германскиот “Маркат” кај Велес,
-германскиот германски “Киел” во Желино
-германски “Кеслер” во Скопје
-холандските “Антура”,
-“Нидотекстил” и
-“Герлофс” кај Кочани,
-дубајкската “Епл Ленд” кај Ресен, -“Слабјик НИВ” од Белгија, во Скопје, -ирскиот производител на софтвер “Баракуда ФХ”,
-британскиот производител на софтвер “Ендава” во Скопје,
-рускиот “Гришко” кај Демир Хисар, -бугарските “Пејпер мил” кај Кочани, -германската “СГС Текстил” во Велес, -“ЕКС Трејд” во Скопје,
-италијанската “ДФ Лабс” во Скопје, -кандаската “Рамбл” во Скопје и Битола,,
-холандската “Аренс” и
-австриската “Текспорт” кај Виница, -хрватската “Агрокор” (Агрофруктус) кај Струмица,
-германската “Таурус фарм” и -холандската “Инифрут” кај Богданци, -холандската софтверска компанија “Симфони Солушнс” во Скопје,
-кол центарите на “Слаис” во Дебар и Скопје и повеќе други кол центри во различни градови,
-американската “ЕФ СТОП” кај Скопје, -руската “Краинфилд Фаундри” кај Пробиштип,
-француската “Фамез” во Скопје,
-“БРГ Груп@ од Индија купи имот кај Велес, но не знам што потоа се случи, -“Стиза” во битолско,
-бугарската “Мусала софт”,
-Солвеј Прион Ресорсис и Линч рисорсис, и вентрал Азија Металс во рудникот Саса,
-бугарската “Минстрој” во рудникот Злетово и Тораница кај Пробиштип, -украинската “Сардич” за рудното наоѓалиште Казандол која за жал нашите наследници во владата ги избркаа и завршија на меѓународен суд со нив, а тие веќе беа почнале активности на терен,
-британско американската “Еуромакс рисорсис” која на база на претходно веќе добиената концесија за истражување, доби концесија за експлоатација,
-турската “Халк Банка”,
-австриската “Шпаркасе банка”, -француската “Сосиете Женерал банк” во Охридака банка,
-бугарската “ЦКБ банка”,
-американскиот гигант “Филип Морис” во тутунскиот комбинат во Прилеп, -поголем број осигурителни компании како австриските
-“Граве”,
-“Винер живот”,
-“Винер”,
-“Уника”,
-“Уника живот”,
-“Виена иншуранс груп”,
-словенските “Триглав”, и
-“Сава осигурување”,
-хрватската “Кроација живот”, -и многу други инвеститори на чии имиња не се сеќавам, а меѓу нив и инвеститори во болници, молови и многу други компании во различни економски и бизнис сфери кои отворија илјадници работни места.
Честитки за Амфенол. – напиша Груевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…