Груевски објави број на набавени медицински апарати и опрема во здравството: Од 2007. до 2017. вкупно 958, од 2018. до 2023. непознато…
Поранешниот премиер Никола Груевски, коментирајќи ги актуелните состојби во здравството, објави податоци за тоа колку медицински апарати се набавени во периодот на владеење на секоја влада од осамостојувањето, до денес.
Во продолжение ја пренесуваме неговата објава во целост:
– Набавени медицински апарати и опрема во здравството во Македонија по години, групирани по мандати на политички влади
2018-2023 Непознато
2007-2017 958
2003-2006. 99
1999-2002. 167
1993-1998 71
Постојат неколку индикатори за да видиме чија влада колку била посветена и вложила во здравството и се грижела за здравјето на граѓаните. Еден од тие неколку е набавката на медицински апарати и опрема за здравството.
Разликата е видлива и не треба некој посебен коментар. Ја повикувам владата да ја објави бројката за периодот 2018-2023 год.
П.С. Денес се појави нов скандал и шокиран сум дека 7 години 4 најсовремени акцелератори за кои владата инвестираше 7 милиони евра и кои ги набавивме за Битола, Штип, ГБ 8 Септември стојат неотпакувани. Тоа е директно на штета на болните. Уште и кога прочитав за можните мотиви за тоа, за што подолу приложувам фотографии од порталот Плусинфо, тоа е ново големо разочарување од оваа власт. – напиша Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…