Груевски објави текст непијатен за негаторите на македонштината: ЗОШТО НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СМЕ ПОСЕБНА НАЦИЈА?!
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на Фејсбук сподели текст на Васил Ивановски објавен во 1934 година во која објаснува зошто ние Македонците сме посебна нација.
Во продолжение во целост ви ја пренесуваме објавата на Груевски:
ВАСИЛ ИВАНОВСКИ, 1934 ГОД.: “ЗОШТО НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СМЕ ПОСЕБНА НАЦИЈА?”
Неверојатно фасцинантно е кога се чита еден објавен текст во 1934,година на Васил Ивановски член на ВМРО Обединета со наслов “Зошто ние Македонците сме одделна нација” а имаш впечаток како да е пишувам денес.
Десет години пред заседанието на АСНОМ одржано на 2. Август 1944 година Васил Ивановски, кој има толку бурен животен век, има толку јасни позиции на која нација припаѓа, и дека македонската нација е различна од српската, бугарската и грчката, што веројатно е непријатно за читање за негаторите на македонската нација и оние кои тврдат дека сме вештачка творевина создадена од Тито во 1944 година.
Васил Ивановски бил делегат на АСНОМ, прв директор на Нова Македонија, Заменик министер за социјална грижа до 1945 година, емигрант, идеолог, публицист, историчар, антифашист, борец во втората светска војна, револуционер, комунист, политичар, осуден и одлежал 7 години затвор во Бугарија како “Титов шпион”, политички суден и две години во затвор во Софија во 30тите години на минатиот век, затворен од Бугарите во Идризово во 1942 година, мачен во полицијата во Пловдив каде сакал да си го скрати маките со самоубиство, тој и во Македонија е на удар во времето на инфорбирото како плејада други македонски патриоти, па така и во Македонија и во Бугарија борејќи се за македонската кауза тешко си поминува. Ја водел комунистичката партија во одсуство на Методија Шаторов Шарло итн.
Радикалните националисти на нашиот источен сосед обично кога ќе се соочат со ваков лик со толку јасни и добро аргументирани национални позиции имаат три однапред подготвени етикети кои веднаш ги вадат од џеб и без двоумење ги “лепат”.
Првата е “македонист”, која етикета со задоволство ја добив и јас искажана во лутина и тоа директно од еден нивни премиер на средба во Брисел. Иако јас не сум македонист туку Македонец, фасцинира кога некој друг во отсуство на аргументи се обидува културно да те навреди, а всушност те засмејува.
Втората е “”србоман (етикета која произлегува од фрустрираност кога некој Македонец изнесува аргументи за посебноста на македонската нација и народ од бугарскиот и не ја прифаќа нивната убеденост дека треба да имаме исто национално самочувство со Бугарите. Сметаат дека Србите така не учеле за да не се чувствуваме Бугари, или дека имаме посебни чувства кон Србија штом не се чувствуваме исто како нив – Бугари, бидејќи во нивниот светоглед Македонци со македонско самочувство не постојат туку само Бугари и Срби, па ако не се декларираш Бугарин тогаш мора да си или Србин или србоман. Неретко и јас сум ја заработувал оваа етикета, но во случајот на Васил Ивановски не тешко би поминала, бидејќи голем дел од неговиот живот го поминал во Бугарија каде и починал во 1991 година.
Третата вообичаена етикета е “”комунист, што во случајот со Васил Ивановски е точно бидејќи припаѓа на левоориентирана организација ВМРО Обединета, каде членуваат Димитар Влахов, Павел Шатев, Методија Шаторов Шарло, Панко Брашнаров, и плејада други македонски борци, политичари, интелектуалци и револуционери, а повеќето од нив како припадници на левата – социјалистичката идеологија, вклучувајќи го и Васил Ивановски членувале и во комунистичките партии на Македонија и Бугарија.
Кај Васил Ивановски “комунист” е првата етикета што би им паднала на памет на негаторите.
Со оглед дека јас не сум подржувач на комунистичката и левата идеологија, напротив припаѓам на спротивната, поштеден сум од оваа етикета.
Како што забележувате, патриотите, борците за слобода и независност на Македонија никогаш не ги делам, потценувам, натценуваат и класифицирам по тоа колку биле лево а колку десно ориентирани, туку колку биле одадени на каузата за слободна и независна Македонија, а такви имало и меѓу едните и меѓу другите.
Животот на овој човек од костурското село Ловраде и со татко учесник во Илинденското востание, повеќепати протерувани и раселувани, со многу прогонства, криење, бегање, судски процеси, затвори, мачења, Васил Ивановски кој е и голем теоретичар на македонската нација и македонското прашање е толку бурен, што заслужува книга и филм или играна серија за него, како и многу други македонски револуционери.
Од огромни маки од мачење во затворот во полициската станица во Пловдив се обидува да се самоубие скокајќи од прозор при што ги крши двете нозе но преживува, до секретар на КПМ, прв директор на Нова Македонија, заменик министер, делегат на АСНОМ, емигрант во Бугарија и СССР, во судир со Колишевски, на удар во времето на инфорбирото, осуден во Бугарија како Титов Шпион, борец за обединување на вардарска, пиринска и егејска Македонија и соединување на македонскиот народ, со разни функции во КПМ, БКП, ВМРО (Обединета), Васил Ивановски има исклучително бурен живот.
Во 1943 година, со група политички затвореници, Ивановски како што подвлекол бил префрлен во скопскиот затвор Идризово, каде го создава делото „Македонското прашање во минатото и денес“ кое останува необјавено до 1995 година. Во него тој ја претставува државната традиција на територијата на Македонија, етничкото и нациналното конституирање на македонскиот народ, формирањето на македонската држава во услови на поделба на територијата и постигнување на хармонија на македонскиот народ со другите етнички заедници во новата држава.
Во ова дело Ивановски пишува дека до XI век на територијата на Македонија постојат три македонски државни формации: 1. Државата на древните Македонци, 2. Сојузот на македонските склавинии и 3. Самоиловата држава. Всушност, корените на македонската државност тој ги бара во Античка Македонија и таа за него претставува предисторија за македонската нација.
Според Ивановски македонската преродба се преплетува со бугарската, но таа по својата содржина останала чисто македонска.
Прекините кои се појавуваат во процесот на национално оформување тој го објаснува со појавата на бугарската национална пропаганда, а како решение за македонското прашање тој предлага формирање на македонски национални комитети во Бугарија, Југославија и Грција кои треба да разработат методи за обединување на македонскиот народ и создавање на Македонска народна република, каде правата на националностите ќе бидат решени по советски модел.
Но, отворете го линкот и ќе прочитате возбудлив текст напишан и објавен во 1934 година а на моменти ќе се двоумите да не е напишан денес.
За негаторите на македонската нација кои досега не го прочитале овој текст, препорачувам да ги прескокнат овие 6 страни напишани на машина за пишување текст за да не се изложуваат на непотеебен стрес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…