Груевски открива зошто е најпопуларен политичар во Македонија – очигледно граѓаните не се задоволни од понудата!

t

Граѓаните очигледно не се задоволни од моменталните политичари и нивната понуда, вели поранешниот премиер Никола Груевски во ексклузивно гостување во “Тешки муабети”, како коментар за анкетите на кои тој е најпопуларен политичар во Македонија.

– Ако некој не е активен, а јас освен по некоја објава на Фејсбук што пишувам, првпат давам интервју по 2017. година, најверојатно граѓаните не се задоволни од актуелните политичари штом толку многу се сеќаваат на некои други времиња со некои други резултати. Актуелните политичари се секој ден на медиуми, секој ден гостуваат некаде и нормално е тие да се актуелни, но фактот што се навраќаат на некое друго време значи дека се незадоволни од овие полтичари и овие од власта кои се тешка катастрофа и го охрабрувам ВМРО-ДПМНЕ да направи чекори, една година е многу, ќе останеме без народ, економијата е многу лоша, чекање за избори една година е многу.

Треба конкретна понуда, обмислени проекти со пресметка, ние со недели во 2016 година правевме пресметки, ние имавме уште толку идеи, ама приоретизација, треба обмислена квалитетна понуда, колку што гледам граѓаните се подготвени да излезат на протести за паѓање на оваа власт, треба и поголема кативност на опозицијата, не да влегуваат во вакви шеми кои не знам дали се резултат на некои нивни поекции дека тоа ќе им создаде коалициски капацитет, дека ќе привкечат независни гласачи, истакна Груевски кој смета дека конфронтација со него нема да ги привлече независните гласачи, туку конкретна понуда

– Ќе привлечат независни гласачи ако имаат квалитетна понуда, јас се трудам да се воздржам да не кажам некои работи кои ќе им направат голема штета, прилично сум незадоволен за многу работи, но штедам зборови, внимавам што зборувам, јас до 19 септември еден збор немам кажано против ВМРО-ДПМНЕ, јас со многу нивни политики не се согласував и сега не се согласувам за да не направам штета.

Јас толку работи можам да му одговорам на Александар Николоски или на Христијан да не знаат што ги снашло, ама таа партија не е на нив, таа партија, барем јас кога бев е 181.000 и нешто членови. Се трудам да се воздржам за глупостите што поединци ги прават, како што знам, за да не направам штета, да не можат после со месеци да се отплеткаат.

Ама не е тоа работата, треба да се фокусираат на рушење на оваа власт.

Премногу шпекулации се појавија, премногу интриги, премногу зла крв, се трудев и се уште се трудам да го менаџирам сето тоа, но доколку се решат да го прават тоа, јас сум тука, нема проблем, истакна Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…