Груевски: Славењето на хероите ќе создаде нови херои – Нека е честит македонскиот национален празник Илинден!

t

Честитка по повод Илинден објави поранешниот премиер Никола Груевски.

– Честит јубилеј – 80 години од првото заседание на АСНОМ кое беше круна на антифашистичката борба преку масовното движење на македонските партизани, предводени од комунистичката партија на Македонија, и заседание на кое се поставија темелите на македонската државност.

Честита 121 година од почетокот на најславното македонско народно и масовно востание организирано од македонската револуционерна организација – Илинденското востание! Востание кое беше македонско и општонародно и кое подоцна беше и инспирација на македонските партизани и нивното востание и борба против фашизмот и окупацијата, а за слободна држава и независност!

Два датуми кои не потсетуваат дека илјадници храбри борци во овие генерации Македонци и борци од другите етнички заедници во Македонија, доброволно ги положувале своите животи, борејќи се и жртвувајќи се за слободата на Македонија, за нејзината независност и државност.

Тоа ги обврзува сите генерации по нив, вклучително и денешната, но и идните, да ја чуваат, бранат, унапредуваат, зајакнуваат и развиваат Македонија и нејзината слобода и сувереност, да ја јакнат правдата и благосостојбата на населението.

И да ги слават хероите, бидејќи славењето на хероите ќе создаде нови херои.

Нека е со среќа празникот Свети Илија и честит именден на оние кои го носат неговото име!

Нека е честит македонскиот национален празник Илинден!

Нека е вечен празникот и нека биде вечна Македонија! – напиша Груевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…

Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…