Грузиец фатен со наркотици во центарот на Скопје, уапсен и малолетник – „Полицијата „тресеше“ за дрога
Полицијата вчера и денеска по полноќ апсеше на повеќе локации низ Скопје за дрога. Меѓу уапсените се и странски државјанин кој бил фатен со дрога, но и малолетник во друг случај.
Ова е извештајот од МВР:
– На 09.10.2024 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(31) од Грузија затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и кафеава грутчеста материја.
– Денеска (10.10.2024) во 01.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 09.10.2024 во 21.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 09.10.2024 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени жолта прашкаста материја и два ножа.
– На 09.10.2024 во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грузиец фатен со наркотици во центарот на…
Полицијата вчера и денеска по полноќ апсеше…
Кривична против две лица, земале брз кредит…
Поднесена е кривична пријава против две лица…
Со нож се обидел да си го…
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 22-годишниот…
Притвор за лице од Косово кое предизвикало…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(38)…
И Македонија и Србија бараат помош од…
И Македонија и Србија за проблемот со…