Грузија ќе го прославува кандидатскиот статус во ЕУ

t

Премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили го повика населението во земјата во петок да дојде на Плоштадот на слободата во Тбилиси и да го прослави добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ, соопшти владината прес-служба.
Европскиот совет во четвртокот и додели на Грузија статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

„Од денес Грузија е европска држава, европска земја. Грузија е земја кандидат за Европската унија. Оваа победа ни припаѓа нам, драги граѓани. Ова е резултат на нашата работа… Ги поканувам сите на 15 декември во 17.00 (по локално време) до Плоштадот Слобода за заедно да ја прославиме оваа историска победа за нашата земја и нашиот народ“, се вели во соопштението.

Шефовите на држави и влади на Европската унија на самитот во Брисел во јуни 2022 година им доделија статус на земји кандидати за членство во ЕУ на Украина и на Молдавија, но не и на Грузија. ЕУ го услови доделувањето на таков статус на Грузија со исполнување на 12 услови. Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, за време на посетата на Тбилиси во септември годинава, изјави дека Грузија досега исполнила само три од 12-те услови поставени од Европската комисија за да добие статус на земја кандидат.


Тбилиси неодамна нагласи дека очекува да добие кандидатски статус за членство во ЕУ до крајот на годината. Статусот на земја-кандидат сам по себе, како и почетокот на преговорите, не мора да значи дека земјата ќе влезе во Европската унија, овие чекори исто така не го обврзуваат Брисел на ништо. Добивањето кандидатски статус е само почеток на прилично долг пат кон пристапување во ЕУ. Турција е во кандидатски статус од 1999 година, Македонија од 2005 година, Црна Гора од 2010 година и Србија од 2012 година. Хрватска беше последната земја што влезе во ЕУ во 2013 година; процесот траеше 10 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…