Објавено на:

Група сенатори во САД предложи закон со кој Русија ќе се прогласи за државен спонзор на тероризмот

t

Двопартиска група сенатори во Соединетите Американски Држави предложи закон со кој Русија ќе се прогласи за државен спонзор на тероризмот за масовното киднапирање на украински деца. Ова го објави Axios.

Автори на законот се Линдзи Греам (републиканец), Ричард Блументал и Ејми Клобучар (демократи), како и Кејти Брит (републиканец). Тие поднесоа документ со кој Русија и Белорусија ќе бидат вклучени на списокот на држави спонзори на тероризмот доколку не вратат повеќе од 19 илјади деца земени од Украина за време на војната.

Во моментов, само Куба, Иран, Северна Кореја и Сирија се на овој список. Според Греам, Русија го заработила правото да биде на овој список. „Ќе ги замолиме лидерите на двете партии да ни дадат можност да разговараме за ова прашање и да гласаме, а сакаме да започнеме веднаш“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Група сенатори во САД предложи закон со…

Двопартиска група сенатори во Соединетите Американски Држави…

САД со нови санкции за Хутите

САД денеска воведоа нови санкции за јеменските…

Америка ќе ни помага да го заштитиме…

Соработка со САД за заштита на Охридското…

Захарова: Варшава ја продолжува својата политика на…

Полска нема докази за наводниот напад со…

САД ја одбележуваат 24-годишнината од нападите на…

Граѓаните на САД денеска ќе ја одбележат…