Грците нема да влезат во Чебрен: Истече рокот за потпис на договорот

t

Истече рокот 31 декември до кога грчката фирма „Архиродон“ требаше да стави потпис на договорот за проектот „Чебрен“ и изградба на хидроцентралата на Црна Река.

Министерката за животна средина, Каја Шукова, вели дека правен тим формиран од ресорното министерство работи на проектот, односно ја разгледува целокупната документација и денеска треба да даде препораки за следните чекори што ќе треба да се преземат, а за препораките ќе биде информирана и Владата.

Бидејќи рокот е истечен, тоа значи дека валидноста на понудата престанува да важи и може да се пристапи кон подготовка на одлука за прекинување на постапката.

– Не можам да ви кажам дали ќе се активира банкарската гаранција, има услови во тендерот кога се активира под кои услови, правниците и консултантите ќе кажат дали ќе се активира – рече Шукова.

Со ова повеќе од извесно е дека ќе пропадне и 14. тендер за изградба на „Чебрен“, кој според проценките, требаше да чини една милијарда евра, пари што ќе требаше да ги вложи концесионерот, грчкиот „Архиродон“, а државата Македонија да учествува со давањето на ХЕЦ „Тиквеш“ како удел откако ХЕЦ „Чебрен“ ќе почнеше со работа. За возврат Македонија ќе добиеше третина од сопственоста.

Претходно не се потпиша ниту договор со грчката фирма за формирање на заедничко тело со ЕСМ за вложување и да се формира заедничка компанија која требаше да продолжи со реализација на овој проект.

Голем дел од експертската јавност се децидно против грчката компанија. Од Здружението на инженери се на став дека „Чебрен“ треба да биде инвестиција која ќе ја реализира самата држава. Поднесоа претставка до сите институции како и до претседателот на државата, проектот да се стопира.

Концесијата за Чебрен првично требаше да биде доделена на  PUBLIC POWER CORPORATION S.A. – Greece & ARCHIRODON GROUP N.V. – Greece, односно ППЦ-Архиродон, истата компанија која претходно ја купи ОКТА, еден од најголемите скандали и криминали од македонската независност.

Проценетата вредност на инвестицијата за изградба на Чебрен е околу една милијарда евра со која е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 MW.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Заев: И Македонците и Грците сме Европејци

„Наште општества и нашите луѓе, Македонците и…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…