Грција бара од Владата да го користи уставното име
Официјална Атина бара од македонската влада да го употребува уставното име – Северна Македонија и целосно да се спроведува Преспанскиот Договор. Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, за време на официјална посета на Атина на министерот Тимчо Муцунски, порача дека Грција ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ – заснован врз принципот на залуги и се фокусира на, за него најважниот дел – имплементација на договорот потпишан на 17 јули 2018та година, со кој државата го смени името и влезе во НАТО. Герапетритис ја пофали соработката на двете земји во рамките на Воената Алијанса.
Јоргос Герапетритис МНР Грција – Би сакал повторно да ја истакнам поддршката на Грција за напредување на Северна Македонија на нејзиниот европски пат, базирана врз основа на утврдената условеност и принципот на заслуги, со посебен акцент на фундаменталните принципи. Во таа насока, дозволете ми да ја нагласам најголемата важност за целосното, конзистентно и во доследно спроведување на Преспанскиот договор, вклучително и употребата на уставното име на земјата од страна на вашата влада.
Муцунски не го спомна Преспанскиот договор за време на обраќањето, но порача дека основата на трајна соработка и меѓусебна почит што трае со генерации е преземање на оврските од двете страни.
Тимчо Муцунски МНР – Ја нагласивме важноста на меѓународното јавно право и обврските што ги имаат преземено двете страни, бидејки меѓусебното почитување е основата врз која се гради трајна соработка. Длабоко и искрено верувам во иднината на нашите односи,во силата на дипломатијата, засновани врз почит, а исто така и на нашата заедничка способност да обликуваме иднина што функционира, не само за денешницата, туку и за генерациите што доаѓаат.
Муцунски денеска се заблагодари на Грција за помошта која ја испрати за повредените од трагедијата во Кочани, но и за справувањето со пожарите кај Дојран.
Ова е прва официјална посета на министерот Муцунски. Шефот на грчката дипломатија Герапетритис, пак го посети Скопје, минатата година за време на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Скопје и Атина тогаш беа во заострени односи , веднаш по заклетвата на шефицата на државата откако во Собранието кажа само Македонија. Сепак новата влада предводена од Мицкоски за време на заклетвата го кажа новото уставно име на државата – Северна Макеоднија, а само неколку месеци подоцна и претседателката на државата Сиљановска Давкова за време на обраќањето на Генералното Собрание во ООН го користеше новото уставно име
Од друга страна и Грција се уште заостанува со обврските – како заглавените меморандуми во собранието и патните табли на кои се уште стои ФИРОМ и Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција бара од Владата да го користи…
Официјална Атина бара од македонската влада да…
Хрватски трговски синџир доби казна од 212.000…
Хрватскиот трговски синџир „Томи“ беше казнет со…
Исмаил: Компромисот одамна е веќе прифатен –…
Став на Реџеп Исмаил – Хактан Со…
„Претседателот е бесен“: Белата куќа е фрустрирана…
Расположението во Белата куќа е на најниско…
Затворен патот Кравари – Меџитлија во двете…
На 23 јули 2025 година, во 19:30…