Грција го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН
Поморската безбедност, заштитата на цивилите во услови на војна, жените, мирот и безбедноста, децата во конфликтните зони, но и војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и случувањата на Западен Балкан – ова ќе бидат главните теми со кои во следниот месец ќе се занимава Грција како претседавач со Советот за Безбедност на Обединетите нации (ОН).
Грчките власти велат дека согласно Повелбата на Обединетите нации, „Советот за безбедност е орган со примарна одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност“, а земјата ќе има можност „да го истакне својот силен дипломатски отпечаток, својата улога како искрен соговорник и мост меѓу Истокот и Западот, Северот и Југот, имајќи го меѓународното право и Повелбата на ОН како основни водичи на својата надворешна политика“.
– Војната во Украина и кризата на Блискиот Исток ќе бидат централна тема на состаноците на Советот за безбедност. Случувањата на Западен Балкан, ситуацијата во Либија и Судан исто така беа избрани како главни теми на дискусија. За време на претседателството, Грција, како силен поддржувач на мултилатералната дипломатија, колективната безбедност и мировната улога на Обединетите нации, ќе работи со сите земји-членки на Советот за безбедност за одржување и консолидирање на меѓународниот мир и безбедност кон меѓународна безбедносна архитектура базирана на правила, соопштија од грчкото МНР.
Во соопштението се додава дека поморската безбедност ќе биде тема на главниот настан на високо ниво, што ќе се одржи на 20 мај во Њујорк.
На почетокот на годинава започна двегодишниот мандат на Грција како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…
Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…
Трагедија во Грција: Србинка се удави во…
Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири…
Грција најавува повисоки казни за возење пијани…
Грција наскоро ќе воведе построг закон за…
Драма во Грција: Србин спасил Македонец од…
Вистинската драма се одвивала во Грција кога…