Грција денес испрати илјадници шатори, кревети и ќебиња во Турција

t

Грција денес испрати илјадници шатори, кревети и ќебиња во Турција како дел од хуманитарната помош по земјотресите во таа земја и Сирија во кои загинаа повеќе од 20.000 луѓе, а стотици илјади останаа без покрив над главата.

Атина планира да обезбеди вкупно 80 тони хуманитарна помош, која покрај ќебиња, кревети и шатори, ќе вклучува и медицинска помош, соопшти Министерството за цивилна заштита на Грција.

Дел од помошта веќе пристигна во Турција порано денес, а остатокот се очекува да биде доставена утре до крајот на денот, пренесува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…

Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Трагедија во Грција: Србинка се удави во…

Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири…