Грција може да стави вето на европскиот пат на Албанија
Тензии меѓу Грција и Албанија поради казните за етничките Грци. Тие очекуваат Атина да наметне вето на европскиот пат на Тирана, поради „непочитување на владеењето на правото“.
Атина се заканува дека ќе го блокира почетокот на преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ.
Причина за тензијата меѓу двете земји е двегодишната затворска казна на етнички Грк кој беше избран за градоначалник на градот Химара, каде што живеат главно етнички Грци.
Градоначалникот Белерис беше осуден за купување гласови пред локалното гласање.
Иако беше во притвор, Фреди Белерис победи на локалното гласање во градот, но поради казната не ја презеде функцијата градоначалник.
Атина се обиде со дипломатија да го ослободи Белерис, но не успеа. Властите во Грција тврдат дека злосторството било исценето, а апсењето било политичко.
Поранешниот премиер Самарас изјави дека „на оваа Албанија нема место во Европската унија“. Во Албанија не се почитува правната држава, потенцираат во своите изјави политичарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…
„Аксиос“: Неуспешен обид за организирање нов состанок…
Претседателите на САД, Доналд Трамп и Реџеп…
„Билд“: Германската влада ќе обезбеди пари за…
Германската влада ќе обезбеди пари за дополнителни…
Трамп вечерва го собира својот тим за…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Белата…