Објавено на:

Грција нема да ја промени позицијата: Не ја признава независноста на Косово

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на неговата посета на Атина и посочи дека грчките пријатели уште еднаш потврдиле дека нема да има промена на официјалниот став во однос на непризнавањето на независноста на Косово.


„Имав добар и пријателски разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, со кого разменив мислења за севкупната регионална соработка, глобалните прашања и односот на Грција кон ситуацијата на Косово. Нашите грчки пријатели уште еднаш потврдија дека нема да има промени во официјален став за прашањето за непризнавање на еднострано прогласената независност Косово Ќе продолжиме да работиме на зајакнување на нашата соработка во сите области од заемен интерес“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.
Претседателот Александар Вучиќ претходно, како што изјави, имал многу добар разговор со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за напредокот во односите меѓу Србија и Црна Гора.
Вучиќ и Милатовиќ се сретнаа на маргините на неформалниот состанок на лидерите од Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…