Објавено на:

Грција предупредува: Напад врз Кипар е закана за цела Европа

t

Mинистерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, изјави дека секое таргетирање на Кипар претставува закана за цела Европа, додавајќи дека поморската база Суда не се наоѓа во непосредна опасност од ирански напади.

Говорејќи за грчкото воено присуство на Кипар, Герапетритис во интервју за телевизијата SKAI истакна дека мисијата на фрегатите Kimon и Psaras, како и на ловците F‑16 Viper, претставува „историска одговорност“, нагласувајќи дека распоредувањето на силите е исклучиво одбранбена мерка.

Секое таргетирање на Кипар претставува закана за цела Европа и наметнува обврска за солидарност со Кипар“, изјави Герапетритис.

Одговарајќи на прашање дали поморската база Суда се наоѓа во дострел на иранските ракети, тој нагласи дека базата е заштитена со одбранбен договор меѓу САД и Грција и дека се преземени сите мерки за безбедност на објектите, вклучително и на американските инсталации на територијата на базата.

Режимот на базата Суда е регулиран со одбранбениот договор меѓу САД и Грција. Она што може да се прави во рамките на базата е многу строго дефинирано, пред сè обезбедување на објектите на САД, така што тие не се наменети за офанзивни дејствија. Сакам да ве уверам дека се преземени сите неопходни мерки и од американска и од грчка страна. Сите разбираме дека кризата во поширокиот регион на Блискиот Исток има последици и врз безбедноста“, рече тој.

Герапетритис додаде дека продолжува евакуацијата на грчките државјани од Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и други региони, нагласувајќи дека репатријацијата е „најсложената задача“ на грчкото Министерство за надворешни работи во последните неколку децении.

Тој посочи дека воздушниот простор во тие региони се отвора само делумно и повремено, што дополнително ги отежнува операциите.

Грчкиот министер ги отфрли и критиките од Турција во врска со распоредувањето на системот MIM‑104 Patriot на островот Карпатос, оценувајќи ги како „целосно неосновани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција предупредува: Напад врз Кипар е закана…

Mинистерот за надворешни работи на Грција, Јоргос…

УНИЦЕФ: Речиси 200 деца убиени во нападите…

Речиси 200 деца се убиени низ Блискиот…

Трамп: Копнена инвазија на Иран е губење…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за NBC…

Мажот обвинет за обид за атентат Трамп…

Пакистанец обвинет за заговор за убиство на…

Франција одобри американската војска да ги користи…

Италија, Шпанија, Франција и Холандија ќе испратат…