Грчева бара да се стави клуч на врата на ова Собрание и формирање на Народно собрание
Претседателката на “Глас за Македонија”, Солза Грчева бара клуч на врата на ова Собрание и формирање на Народно собрание.
Според Грчева Талат Џафери не е никаков уставен судија туку обичен шериф кој нема право да го запира гласот на народот.
Во продолжение објавата на Грчева:
– Талат не е никаков уставен судија, туку обичен шериф кој нема никакво право да го сопира гласот и волјата на народот.
По мене, ваквото нереформирано Собрание, нема никаков смисол да постои.
Кога имате околу 80% од Македонците против Договорот и околу 55% од другите етнички заедници против, за какви народни претставници станува збор?
Клуч на врата и конституирање на Народно собрание!, напиша Грчева.