Грчева: Во Македонија политиката ќе се движи во рамките на “глуп, поглуп, најглуп”
Претседателката на “Глас за Македонија”, Солза Грчева, ан Фејсбук пишува дека Македонците не треба да гледаат надеж во изборите во Бугарија бидејќи таму кој и да победи политиката не се менува.
Проблем е, како што вели таа, тоа што во Македонија политиката се движи во насока “глуп. поглуп, најглуп”.
– Многу луѓе ги врзуваат надежите за Македонија со денешните парламентарни избори во Бугарија. Грешка!
Кој и да победи таму, политиката кон Македонија ќе се движи во рамките “глуп, поглуп, најглуп”. Зошто?
Затоа што од соседна земја со која започнаа низ годините да се нормализираат односите, бугарските политички “таленти” (сите по ред, со мали козметички нијанси), создадоа непријателска соседна земја. Од “братскиот народ” како што самите тврдеа, направија непријатели.
Бугарите, како и секогаш, на погрешната страна на историјата, напиша Грчева на Фејсбук.
Оттука се поставува прашањето дали кога Грчева вели дека политиката ќе се движи во рамки на глип, поглуп, најглуп, мисли и на коалицијата во која и самата членува, а е предводена од Христијан Мицкоски.