Грчева предлага ново референдумско прашање: Ова Џафери нема да може да го одбие!
Претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева, на Фејсбук предлага референдумско прашање кое, според неа, нема да остави простор за Талат Џафери повторно да го толкува Уставот и да ја отфрли иниицјативата.
– Единствено исправно референдумско прашање, кое треба да биде јасно и кусо, без мешање на ЕУ, е:
“Дали сте за раскинување на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од 1 август 2017 година?”
Што носи тој Договор, на сите ви е јасно.
Во тој случај Џафери не може слободно да го интерпретира чл. 118 од Уставот. Да не му се даде непотребно простор за проблематизирање на внатрешното и меѓународното право.
Впрочем, во самиот Договор, чл. 13 став 3, е предвидена постапката за негово раскинување!, напиша Грчева на Фејсбук.