Грчката компанија „Митилинеос“ ќе гради централа за струја во Скопје вредна 211 милиони евра
Владата денеска донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект, за проектот „Митилинеос – Когенеративна постројка Скопје“ на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „Митилинеос“ ДООЕЛ – Скопје. Вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои од постројка за електрична енергија со моќност 90 до 105 мегавати и топлинска енергија со моќност од 135 со 150 мегавати.
Како што се наведува во соопштението од денешната 89-та владина седница, годишното производство на електрична енергија се очекува да изнесува околу 1.150 гигават часови и околу 275 гигават часови топлинска енергија, коишто, се очекува да бидат испорачани во соодветните енергетски системи – МЕПСО и системот за пренос на топлина на Град Скопје.
Одлуката е донесена по објавен Јавен повик од страна на Владата на Република Македонија, на 31.01.2022 година, за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект и по соодветно разгледување на поднесеното барање, од страна на Комисијата за стратешки инвестициони проекти. Донесената одлука е во насока на определбите на Владата за создавање услови за зголемување на домашното производство на електрична и топлинска енергија, посочуваат од владината Прес-служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките власти ги предупредуваат туристите поради зачестените…
Наглите промени на времето во Грција, ги…
СДСМ: ОЈО пак да го истражува англискиот…
Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот…
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Одземен му е пасошот – Истрага за…
Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за…
(Видео) Страшни пожари ширум Хрватска!
Вчера и денеска во Хрватска, од Омиш…