Грчката полиција разби две различни криминални организации и уапси 16 лица меѓу кои и лекари и фармацевти за измами
Грчката полиција разби две различни криминални организации и уапси 16 лица меѓу кои и лекари и фармацевти за измами во висина од 3,5 милиони евра на товар на Националната организација за здравствени услуги на Грција со издавање фиктивни рецепти за лекови, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека биле запленети над 9.000 фармацевтски препарати, а некои од лековите што лажно ги препишувале се дефицитарни, додека уапсени се четворица лекари од јавни здравствени структури во областите Атика и Виотија, сопственици и вработени во осум аптеки во Атика, еден вработен во фармацевтска компанија и едно лице кое имало улога на посредник.
Незаконското дејствување на криминалните организации почнало најмалку од јануари 2020 година, а од истрагата на полицијата произлегло дека имале слична цел, начин на дејствување како и заеднички членови кои дејствувале паралелно.
Во однос на начинот на дејствување, лекарите издавале лажни рецепти, користејќи податоци на осигуреници во главно странски државјани, кои или биле депортирани од земјата или во затвор со што немале можност да го идентификуваат лажниот рецепт, а во продолжение следело фиктивно користење на рецептите во аптеките и понатамошна дистрибуција на незаконски препишаните фармацевтски производи преку аптеки и лекари до клиенти, како во Грција, така и во странство.
Од досегашната истрага било констатирано незаконско користење на 3.516 единствени броеви на здравствено осигурување врз основа на кои лажно биле издадени 90.186 рецепти, а загубата за Националната организација за здравствени услуги на Грција надминува 3.500.284,98 евра.
При спроведените претреси во домови, магацини, ординации, аптеки, јавни здравствени установи и банкарски сефови пронајдени и одземени биле над 9.000 пакувања со незаконски препишани фармацевтски препарати, вклучително и препарати кои содржат наркотични супстанции, 451.140 евра, 10.000 американски долари, 8.000 австралиски долари, две златни прачки со вкупна тежина од еден килограм, 109 златни лири, голем број документи, мобилни телефони, компјутери и други дигитални уреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчката полиција разби две различни криминални организации…
Грчката полиција разби две различни криминални организации…
Во Центарот за управување со кризи според…
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК)…
58-годишен проукраински активист осомничен за обидот за…
ФБИ го истражува случајот кога телохранителите на…
Еве кои работи не треба да ги…
Козметика Бројни онлајн продавници нудат фалсификувана брендирана…
Шолц: Германија нема да ѝ испорача на…
Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера ја отфрли…