Објавено на:

Грчкиот министер за надворешни му се жалел на Блинкен од Турција

t

Последните случувања во Персискиот Залив, турските провокации и неодамнешното патување на Западен Балкан, биле темите за кои министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави дописничката на МИА од Атина.

– Телефонски разговарав со американскиот државен секретар Блинкен. Фокусот беше на последните случувања во Заливот. Исто така, мојот колега го информирав за ескалацијата на турските провокации преку изјави и акции на теренот, како и за моите неодамнешни патувања на Западен Балкан, напиша Дендиас на „Твитер”.

Во однос на двата заробени танкери под грчко знаме во Персиски Залив, Блинкен, исто така преку „Твитер” го повика Иран „веднаш да ги ослободи двата грчки брода, заедно со нивниот товар и нивните екипажи” и додаде дека „заканите од Иран и од Чуварите на исламската револуција за регионалната и глобалната безбедност се неприфатливи”.

Дендиас и Блинкен остварија средба во Вашингтон, пред две седмици за време на официјалната посета на грчкиот премиер на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протекоа информации за тоа што им кажал…

Борбите не можат да траат со месеци,…

Блинкен ќе ја истакне лидерската улога на…

 Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе…

Блинкен призна за несогласувањата во Стејт департментот…

Државниот секретар Антони Блинкен призна дека постојат…

Блинкен вети дека американската поддршка за Украина…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и вети…

Блинкен: Русија обезбедува технологија и поддршка на…

Русија обезбедува „технологија и поддршка“ за воените…