Грчкиот парламент денес ќе гласа за воведување на 13-часовен работен ден
Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзната реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен ден до 37 дена во годината под одредени услови.
Грција беше делумно парализирана двапати, на 1 октомври и вчера, од генерален штрајк против законот , кој синдикатите го нарекоа „достоен за средниот век“. Опозицијата и синдикатите се побунија против мерката, за која се залага министерката за труд и социјална сигурност Ники Керамеус, а која предвидува вработените кои работат до 13 часа на ден за истиот работодавач да добиваат дополнителни 40 проценти од нивната плата.
Во оваа земја, која се опорави од финансиската криза, но чија економија останува ранлива, таква можност веќе постои, но само ако вработениот работи за двајца или повеќе работодавачи, пишува агенцијата Франс Прес. Моменталното законско работно време во Грција е осум часа, со можност за три часа прекувремена работа.
Се очекува дека само партијата Нова демократија (НД) на премиерот Киријакос Мицотакис, која е на власт од 2019 година, ќе гласа за новиот закон, но ова ќе биде доволно за реформата да помине, бидејќи оваа централно-десничарска политичка група има 156 од вкупно 300 претставници во грчкиот парламент.
Мерката би важела само „до 37 дена во годината“ и би била на доброволна основа, нагласува министерката за труд, која тврди дека дискурсот на опозицијата за 13-часовниот работен ден е „неточен и погрешен“. Керамеус верува дека ова сугерира дека „сите ќе работиме 13 часа на ден цела година“, изјави таа за телевизијата Скај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот парламент денес ќе гласа за воведување…
Грчките пратеници денес треба да гласаат за…
Грчките државни службеници денеска на 24-часовен штрајк
Државните службеници во Грција денес започнуваат 24-часовен…
Низа земјотреси на Света Гора, најсилниот пет…
Четири земјотреси, од кои најсилниот со јачина…
Европското јавно обвинителство заплени 2.435 кинески контејнери…
Европското јавно обвинителство објави дека запленило 2.435…
Приведен прилепчанец, кој се обидел да пренесе…
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А.(37)…