Објавено на:

Грчкиот Парламент ќе биде распуштен утре, земјата оди на нови избори

t

Во грчкиот Парламент, попладнево, свечено беа положени заклетвите на новоизбраните триста пратеници, избрани на минатонеделните избори во Грција. Овие пратеници ќе имаат еден од најкратките пратенички мандати, бидејќи Парламентот ќе се распушти утре и ќе бидат објавени нови избори.

Чинот се одвиваше во присуство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, премиерот Јоанис Сармас, министрите од службената Влада и главниот епископ на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, кој го освети првото заседание на новиот парламент.

Постојат пратеници кои положија религиозна заклетва, додека некои одбраа граѓанска заклетва, а четворица пратеници ја положија заклетвата пред Куранот.

Новиот парламент е составен од пратеници од пет политички партии кои успеаја да го преминат прагот од три отсто за влез во Парламентот. Конкретно, Нова демократија има 146 пратеници, СИРИЗА 71, ПАСОК- Движење на промена 41, Комунистичката партија 26, а Грчко решение 16 пратеници.

Утре наутро е закажано следното заседание на Парламентот, каде ќе се изберат претседателот и потпретседателите на Парламентот. Следниот чекор ќе биде издавањето на нов претседателски декрет за распуштање на Парламентот и закажување на избори за 25 јуни. Со тоа, официјално ќе започне новиот предизборен период во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…

Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…

Трагедија во Грција: Србинка се удави во…

Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири…

Грција најавува повисоки казни за возење пијани…

Грција наскоро ќе воведе построг закон за…

Драма во Грција: Србин спасил Македонец од…

Вистинската драма се одвивала во Грција кога…