Објавено на:

Грчкиот Црвен крст праќа 50 тони помош во Украина

t

Нова хуманитарна помош за Украина, трета по ред, овој пат од 50 тони, испрати Црвениот крст на Грција во присуство на министерот за цивилна заштита и климатска криза на Грција Христос Стлијанидис.

Трите камиони со храна, флаширана вода, антисептици, генератори, санитарен материјал и лекови, утрово заминаа од Атина за украинскиот град Чернивци, каде што се очекува да пристигнат в четврток, да ги пречека Црвениот крст на Украина и помошта веднаш да им биде распределен на граѓаните.

Стилијанидис рече дека „преку Црвениот крст, грчкиот народ уште еднаш покажа што значи солидарноста во пракса”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…

Жена од Македонија се удавила во Грција

Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…