Грчките земјоделци го блокираа Евзони

t

Од 18 часот вечерва граничниот премин Евзони за влез во Грција е блокиран од грчките земјоделци и на секој половина час по десет минути се пропуштаат патнички и товарни возила.

Веста ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.

-Од 18 часот по македонско време отежнат е влезот во Грција преку преминот Евзони заради блокада на грчките земјоделци. Рампите се креваат на десет минути на секој половина час и засега немаме информација до кога ќе биде блокиран влезот, изјави Богев.

На другите граничните премини со Грција протокот на патници и стока засега се одвива нормално, а до 19 часот имало тричасовен застој на преминот Меџитлија-Ники, кој бил блокиран од грчките земјоделци од 16 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…

Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…