Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Евзони и Ники

t

Грчките земјоделци продолжуваат со протестите, блокирајќи неколку гранични премини, вклучувајќи ги Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија. Сообраќајот на овие премини ќе биде во прекин неколку часа и денеска.

На граничниот премин Евзони, блокадата се очекува да се одвива во два интервали: од 12 до 16 часот и повторно од 18 до 22 часот по локално време. Сообраќајот ќе биде целосно прекинат, со исклучок на камионите што превезуваат грчки производи.

Преминот Ники ќе биде затворен четири часа, почнувајќи од 11 часот по локално време, според извештаите на грчката новинска агенција АНА-МПА.

Земјоделски блокови со трактори се поставени и на границите со Бугарија и Турција, но таму повеќечасовните блокади се однесуваат само на товарни возила.

Протестите, кои почнаа постепено да се интензивираат од 30 ноември, досега опфаќаат над 60 блокади низ цела Грција. Главниот блок се наоѓа кај Никеа, близу Лариса, на автопатот Солун – Атина. Поради ова, сообраќајот се пренасочува на споредни патишта.

Комитетот надлежен за земјоделските блокади низ целата земја закажа нов состанок за сабота, на кој ќе се дефинираат идните протестни чекори.

За утре, земјоделците од северна Грција најавија протест и симболично затворање на пристаништето во Солун.

Причината за протестите лежи во зголемените трошоци за производство, ниските продажни цени на земјоделските производи и скандалот со европските земјоделски субвенции. Главното барање на земјоделците е итна исплата на заостанатите субвенции.

Блокадите на низа автопати и локални патишта ширум Грција го отежнуваат сообраќајот, принудувајќи возачите да користат споредни улици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат…

Грчките земјоделци продолжуваат со протестите, блокирајќи неколку…

Фармацевт во Грција осомничен за измама од…

34-годишен фармацевт во Грција, осомничен дека е…

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на…

Со поставени над 50 блокади низ цела…

Грчките земјоделци ги интензивираат активностите – денеска…

Земјоделците од цела Грција, кои веќе една…