ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЌЕ ГИ БЛОКИРААТ МЕЏИТЛИЈА И БОГОРОДИЦА? Освен во Атина, најавен протест и на граничните премини со Македонија
Земјоделците од северниот дел на Грција, кои нема да присуствуваат на попладневниот протест во Атина, не е исклучена можноста симболично да ги затворат граничните премини Меџитлија (Ники) и Богородица (Евзони) кон Македонија, јави МИА од Атина.
Самите земјоделци, кога го соопштија денешниот протест, најавија дека паралелно ќе постават блокади на граничните премини и на пристаништата.
Протестот во Атина е закажан за 18.30 часот попладнево, така што се очекува, доколку ги блокираат граничните премини, тоа да биде во попладневните часови.
За граничниот премин Ники (Меџитлија), според локалните медиуми можно е затворање во периодот од 17 до 20 часот по грчко, односно од 16 до 19 часот по македонско време.
Во однос на Евзони (Богородица), засега нема официјална информација, иако според информациите на дописничката на МИА од Атина, пракса на земјоделците е да не ги најавуваат блокадите, кои најчесто се симболични и се однесуваат само на камионите и се по 20 часот по локално време, како што беше случај вчера.
Сепак, вниманието на грчката јавност денеска е насочено кон Атина, каде што земјоделците со над 100 трактори ќе одржат протест пред грчкиот Парламент.
Десетици трактори од различни делови на Грција вчера пристигнаа во месноста Кастро во централна Грција на околу 90 километри од Атина, од каде што утрово, конвојот со трактори во придружба на полицијата тргна кон грчката метропола.
Земјоделците од островот Крит во Атина пристигнаа со траект, од северна Грција со автобуси, автомобили и камиони, за сите заедно, попладнево уште еднаш да ги повторат нивните барања.
Се очекува по протестот, тракторите во текот на вечерта да останат паркирани во центарот на Атина, а земјоделците да си заминат утре наутро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…