Грчки дипломатски извори: Важна утрешната средба Герапетритис- Муцунски, Северна Македонија е клучен сојузник за нас

t

За нас, Северна Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Високите дипломатски извори нагласија дека утрешната средба е навистина важна средба, но и дека Герапетритис и Муцунски имаат развиено „исклучително функционални односи“, дека имаат редовна комуникација и во обид, како што рекоа, да ги ограничат потенцијалните тензии по изборите кај нас.

Истите извори брифираа дека Атина е поддржувач на Скопје, објаснувајќи дека Грција во пракса го покажа тоа и на ниво на цивилна заштита со пожарите, но и по трагедијата во Кочани и дека ќе продолжи со поддршката.

Како што соопштија претпладнево од Министерствата за надворешни работи на двете земји средбата Герапетритис – Муцунски е закажана за 12 часот по локално време, а два часа подоцна шефовите на дипломатиите ќе дадат изјави за медиумите.

Герапетритис и Муцунски во Грција се сретнаа и на почетокот на април годинава на маргините на Економскиот форум во Делфи, додека пак утрешната работна средба во Атина е прва посета на шефот на македонската дипломатија на грчката метропола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчки дипломатски извори: Важна утрешната средба Герапетритис-…

За нас, Северна Македонија е клучен сојузник…

Измама на деценијата! Со линеарното зголемување на…

Во случај да се измени Законот за…

Скопски „Водовод“ апелира на рационално користење на…

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ апелира скопјани…

Левица предлага законско право за вработување за…

Прворангираните здравствени работници на конкурсите да имаат…

Ако ЕУ воведе стопроцентни царини за Русија,…

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во одговор на…