Грчки државјанин од крузерот со хантавирусот ќе биде пренесен во болница во Атина
Со специјален лет на авион на военото воздухопловство, грчкиот државјанин од крузерот „Хондиус“ на кој се појави хантавирусот, кој е во добра здравствена состојба и без симптоми, ќе биде префрлен во атинска болница, каде што ќе биде 45 дена во задолжителен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за здравство на Грција информираа дека планирано е во текот на денешниот ден, грчкиот државјанин првично со холандски авион да биде префрлен во Ајндховен од каде што ќе го преземе грчкиот воен авион, а потоа ќе буде хоспитализиран во Универзитетската општа болница „Атикон“, во специјално подготвена соба.
– Грчкиот државјанин е во добра здравствена состојба и е асимптоматски. Согласно предвидените безбедносни мерки, од превентивни причини, на специјалниот лет за репатријација ќе го придружуваат лекар од службата за итна помош, спасувач-болничар од службата за итна помош и претседателот на научниот совет на Националната организација за јавно здравје на Грција Теодорос Василакопулос, соопштија од Министерството за здравство.
Крузерот со 147 патници што е во центарот на епидемијата на хантавирус се закотви во пристаништето Гранадиља на Канарските Острови. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчки државјанин од крузерот со хантавирусот ќе…
Со специјален лет на авион на военото…
(Видео) Грција обвини „странска држава“ за дронот…
Грција вчера обвини „странска држава“ за поморскиот…
Нема регистрирани случаи на хантавирус во Македонија
Нема регистрирани случаи, патници или блиски контакти…
По три часа се чека на ГП…
Продолжениот викенд завршува, но од попладнево започнаа…
Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…
Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…