Објавено на:

Грчки пратеник го искина договорот од Преспа: Обвини дека Македонија го прекршила

t

Грчкиот пратеник  Кирјакос Велопулос го искина Преспанскиот договор од говорницата во Собранието. 

Лидерот на десничарско-националистичка партија „Грчко решение“, Велопулос од говорницата во грчкиот парламент искина лист со Договорот од Преспа.

„Ова е договорот од Преспа, ако имаше пристојна национална патриотска општествена влада, ова ќе го направеше овде“, изјави Велопулос, пренесува „Репортер.гр“.

Тој натаму кажа и дека не постои ни северна ни јужна Македонија, Македонија е една, а тоа е Грција. Ја повика грчката влада да ги донесе меморандумите и сите да гласаат против.

„Донесете ги меморандумите за соработка со Скопје, сите да гласаме против, бидејќи тие го поништија Договорот, а не ние“, рече Велопулос.

Засега нема реакции од македонска страна за настанот. 

Грците се налутија откако македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова на инаугурацијата ја испушти придавката „Северна“. 

На 17 јуни 2018 година, македонската и грчката Влада го потпишаа Договорот од Преспа во Нивици и со тоа се реши деценискиот спор за името. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…

Турист почина по каснување од пајак во…

Маж кој бил каснат од отровен пајак…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…