Гувернерката Бежовска: Менувачниците кои шпекулираа за стабилноста на денарот ќе останат без лиценцата за работа
На две менувачници ќе им биде одземена лиценцата, а оние менувачници кои ја прекршиле регулативата, ќе бидат санкционирани со парични казни, изјави вечерва гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.
На гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, гувернерката посочи дека е извршена контрола кај 64 менувачници и дека кај една четвртина од нив се забележани законски неусогласености во работењето.
Ангеловска-Бежоска посочи дека засилените контроли се преземени во насока на заштита на граѓаните, во време кога се забележуваат засилени шпекулации. Освен засилените контроли, таа потсети и дека Народната банка донесе мерка со која им се дозволува на менувачниците доколку немаат евра, да набават од страна на банките.
-Донесовме измена на подзаконски акт, дека ако менувачницата нема доволно девизи во тек на денот може да купи од банките. Инаку на нето-основа, менувачниците имаат вишок на девизи, тие ги откупуваат од граѓаните и понатаму ги продаваат на банките, рече Ангеловска-Бежоска.
Повика на општествена одговорност и да не се шпекулира, особено со стабилноста на денарот, бидејќи стабилноста на денарот значи и макроекономска стабилност и не е во ничиј интерес таа да се наруши.
-Граѓаните не треба да стравуваат – денарот и е ќе остане стабилен. Народната банка води политика на стабилен курс на денарот во однос на еврото и има капацитет и соодветен инструментариум, да го одбрани курсот, како што впрочем тоа го правеше и низ годините, порача гувернерката на централната банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анита од Берово го победи туморот и…
„На 27 години се соочив со најлошата…
Вооружени лица ограбиле менувачница во Скопје
Две лица со употреба на оружје зеле…
Гувернерката Бежовска: Менувачниците кои шпекулираа за стабилноста…
На две менувачници ќе им биде одземена…