Објавено на:

Гутереш: Во светот има доволно храна, проблем е дистрибуцијата и таа е поврзана со Украина

t

Во светот има доволно храна, проблемот е во нејзината дистрибуција и е поврзан со ситуацијата во Украина, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Во светот има доволно храна за сите. Проблемот е дистрибуцијата и таа е тесно поврзана со ситуацијата во Украина“, рече Гутереш, говорејќи на состанокот на Советот за безбедност на светската организација посветен на конфликтите и безбедноста на храната.

Обединетите нации работат на постигнувањето договор за укинување на ограничувањата за украинскиот извоз на земјоделски производи, храна и ѓубрива од Русија, рече тој.

„Работиме на па кет договор што ќе и помогне на Украина да извезува храна не само со железница, туку и преку Црно Море, а храната и ѓубривата од Русија ќе ги врати на светските пазари без ограничувања“, рече генералниот секретар на ОН.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН: Човештвото доживува климатски колапс

Рекордно високите температури треба да послужат како…

Гутереш: Многу загинати цивили во Газа, нешто…

Бројот на загинати цивили во Појасот Газа…

Гутереш: Жалам што наместо пауза, Израел ги…

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го…

Гутереш: Шокиран сум како моите зборови се…

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш…

Гутереш: Војната во Украина ги зголемува геополитичките…

Војната што ја почна Русија во Украина…