Г. Петар: Бог со создавањето ни го даде највиското нешто – образот и подобието, но ние не го сочувавме, го изгубивме

t

Бог со создавањето ни го даде највисокото нешто, образот и подобието, но, ние не го сочувавме, го изгубивме. Сега доаѓа Логосот Божји, прототипот на нашето создавање и го прима најниското, нашата природа, за да нè ослободи од трулежноста и за да го обнови садот кој се извалка и скрши, а исто така и за да нè ослободи од тиранијата на ѓаволот и да нè води кон нов живот, рече во своето Божикно послание, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.

Христос со Своето воплотување, и преку Своите чуда, покажа дека е Господар над природата, човекот, идолите и демоните, односно, над сите нешта кои ние сме склони да ги обожуваме. Со тоа Христос не сакаше само да ни покаже кој е Бог – Господарот на небото и земјата, туку дека коренот на сите наши падови и страдања се наоѓа во погрешното обожување, насочено кон созданието наместо кон Создателот, нагласи митрополитот г. Петар.

– Ете, во нашата земја, иако се градат и осветуваат цркви за слава на Бога, истовремено и многу помасовно се отвораат казина, спортски обложувалници, разни ноќни клубови. На медиумите, а особено на интернет, иако е достапна  православна духовна и религиозна содржина, многу позначително е пребарувана и посетувана содржина со соблазнителен карактер, и друг духовен отров, кој подлабоко и од наркоманијата го загадува современото општество, а особено најмладите. Еден од тие духовни отрови е тој што индоктринира – дека денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, да се биде подржувач на т.н. заедници и организации, кои пропагираат, наметнуваат свои права и слободи, притоа, газејќи и исмејувајќи се врз правата и слободата на различните од нив, особено врз религиозните, и уште подиректно, врз православните христијани. Ете, подржувањето на вакви создадени заедници, здруженија и организации, често и од јавни личности, кои имаат за цел искривување и изопачување на, од Бога дадениот образ, се смета за модерно и напредно, додека, пак, да се биде подржувач на Бога, на Црквата, на христијанските и семејните вредности, се смета за конзервативно и заостанато, посочи митрополитот г. Петар.

Во традиционалното Божикно послание, митрополитот г. Петар се осврна и на други актуелни општествени состојби и како што ги нарече богонеугодни дела, односно, да се посетуваат ноќни клубови, дискотеки и слични забавни места, каде се конзумира многу алкохол, а често и дрога, под дејство на создателот на неморалот – сатаната. Додека, пак, оние кои го посетуваат храмот Божји во неделите и празниците, посетуваат свети места низ православниот свет, се сметаат за примитивни и заостанати.

– Најмасовното обожување кон созданието е тоа кое е насочено кон парите. Укажуваме и нагласуваме дека не е грев да се биде богат со труд и чесност, да се создава богатство и со него да се прават добри дела за спасение на душите, туку такво обожување на богатството, кое доведува до криминал, мито, корупција, лихварство, луксуз, бандатизам и со кое се стигнува во пеколот. Браќа и сестри – имаме избор! Достапен ни е Создателот, духовното, возвишеното, вечното; достапно ни е и созданието, материјалното, трулежното, минливото. Наше е што ќе одбереме! Наше е кој или што ќе обожуваме! Наше е по кој пат ќе одиме и какви дела зад нас ќе оставиме, рече митрополитот г. Петар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…

(Фото+Видео) Се бараше во јама до 70…

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски,…

(Видео) Петар кој ја насмеа Македонија стана…

Петар е детето кое ја насмеа македонската…