Г7 се договориле за заеднички пристап кон Кина, вели Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека членките на Г7 се договориле за заеднички пристап кон Кина, со кој повикуваат на диверзификација на синџирите на снабдување со цел да се намали зависноста од таа земја и навести дека наскоро може да разговара со кинескиот претседател.
„Не сакаме да се оддалечиме од Кина. Сакаме да ги намалиме ризиците и да ги диверзифицираме нашите односи со Кина“, рече Бајден на прес-конференција на последниот ден од самитот на Г7 во Хирошима во Јапонија.
Ваквиот пристап лидерите на седумте земји го истакнаа во вчерашното соопштение, поради што кинеската амбасада во Јапонија ги повика членките на Г7, како што наведе, да престанат да создаваат конфронтација и поделби.
И покрај ваквата реакција, Бајден рече дека очекува подобрување на односите со Кина „многу брзо“. Последниот спор меѓу двете сили беше околу кинескиот балон што беше соборен од САД откако прелета над чувствителни воени локации.
„Мораме да имаме отворена телефонска линија“, рече Бајден.
Тој нагласи дека минатата година, за време на состанокот на Г20 на Бали, се согласил да ја продолжи комуникацијата со Си Ѓинпинг, но се се променило по скандалот со балонот со „два вагона шпионска опрема“.
Бајден навести дека наскоро би можело да дојде до промена во односите меѓу САД и Кина.
„Мислам дека ќе го видите тоа подобрување многу брзо“, рече Бајден.
Зборувајќи за тензиите меѓу Кина и Тајван, Бајден посочи дека меѓу повеќето сојузници постои јасно разбирање дека ќе има одговор доколку Кина дејствува еднострано против Тајван.
„Нема да ѝ кажеме на Кина што да прави. Но, во меѓувреме, ќе го ставиме Тајван во позиција да се брани“, додаде америкаснкиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…