Дабиќ: МНР ми подготви дисциплинска поради говор на протестите, ама секое раководство доаѓа и си оди!

t

Претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, Зоран Дабиќ, напиша отворено писмо до јавноста и побара поддршка, откако од страна на МНР за него била подготвена дисциплинска постапка поради учество во протестите против францускиот предлог.

Го пренесуваме неговото писмо во целост:

Почитувани сограѓани,

МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како Претседател на МДС јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување.

Насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно.

Барам ЈАВНА ПОДДРШКА од сите вас, без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување.

Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи!

Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов!

Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија!

Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови.

Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува.

Амбасадор Зоран Дабиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското МНР со сочувство до Индија по…

Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…

Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…

„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…

Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…

Бугарскиот МНР: Бугарија нема и не може…

Членството во ЕУ не е дадено, туку…

МНР ќе троши 4.3 милиони денари за…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…