Давитковски контра Тупанчески и Владата: Циркуз! Спротивно за Закон е ад хок комисија да одлучува за регистрација на бугарските здруженија
Професорот Борче Давитковски не штеди зборови на критика на сметка на идејата на Министерството за правда, проблемите што произлегоа со регистрација на бугарски здруженија во Македонија, да ги решава деветчлена комисија. Како експерт кој учествувал во креирањето на првиот Закон за здруженија и фондации донесен во 1998 а потоа и во неговите измени во 2010 год, во изјава за „Локално“ вели дека постоечкиот закон нуди решение за ваквиот проблем ,но очигледно дека многумина не сакаат истиот да го прочитаат.
–Не ми е јасно од која причина и зошто Министерството за правда сега ќе прави комисија? Кои се тие експерти кои сега ќе кажат дали цар Борис или било кој друг, работел со фашистите или дека тој предизвикувал нациналната нетрпеливост или не? Спротивно на законот е ад хок комисија да прави цензура ако некој регистрира здружение на пример „Цар Борис трети“. Нема законска основа, нема матрица, нема платфрма како тоа да се примени. Се прават палијативни решенија се со цел да не се реши проблемот, потенцира професорот Давитковски.
Одредбите од законот вели тој, треба покреативно да се толкуваат, а ако тоа не знае да го прави Централниот регистар, работите во свои раце, согласно законот, треба да ги преземе Државниот управен инспекторат.
–Во постечкиот закон има механизми како ова досега можеше да се менаџира. Ако се прочита чл. 4 став 2 од Законот, ќе се види дека Централниот регистар не смее да регистрира здружение кое предизвикува национална, расна и др. нетрпеливост. Тоа е едната страна. Ако Централниот регистар не знае да оцени кој бил Ванчо Михајлов или цар Борис III или цар Борис Сакскобурготски итн., и сепак регистрира здружение со такво име, заштитата или контролата како се применува Законот e во рацете на Државниот управен инспекторат. Тој инспекторат треба да реагира и да му укаже на Централниот регистар дека регистрирале здружение на пример „Ванчо Михајлов“ кој бил соработник на фашистите, бидејќи утре не само Бугарите, можеби некој ќе сака да регистрира здружение Адолф Хитлер или име на било кој диктатор, човек кој направил голема штета на демократските вредности во цел свет. Државниот управен инспекторат е тој што треба да укаже дека тоа ги иритира националните чувства на македонците бидејќи се работи за докажани соработници на фашизмот кои на македонскиот народ му предизвикале негативни реперкусии, дециден е Давитковски.
Зачуден од леснотијата со која наводно е најдено решението на проблемот, тој зад идејата за формирање на комисија препознава намера да не им се противречи на Бугарите, но од друга страна, според него, веќе регистрираните здруженија кои носат контроверзни имиња на соработници со нацистите, нема начин како да се поништат.
–Се е театар, да не им противречат на Бугарите. Се што може да се регистрира, ќе се регистрира, тие потоа ќе имаат стекнати права и сакале- нејќеле не може истите да се поништат. Во Бугарија се знае македонско здружение не може да се регистрира, 16 пресуди има од Стразбур и не ги прифаќаат. А тука, едно по едно здружение си се регистрираат и сега ќе ги укинуваме ? Циркуз!. Правиме комисија, па тие ќе се пазарат кој каков бил, дали треба утре да се регистрира организација со името на Ќосето, дали тој бил убиец или не… Мора да се чита суштината на законот а не вака формално правно. Тие не знаат да го најдат решението а решението го имаат во самиот закон. Ако сакаат да го најдат но очигледно не се сака да се реши проблемот, вели Давитковски.
За предлогот експертско тело да дава мислења околу карактерот на историските личности на здруженија кои се формираат се дури не се донесе ново законско решение, владата треба да донесе одлука на некоја од наредните седници.
Според министерството за правда, меѓуресорската група ќе биде преодно решение и ќе има само советодавна улога. Во меѓувреме охридското обвинителство истражува дали има пропусти при регистрацијата на бугарското здружение „Цар Борис трети“ а битолското обвинителство ја проверува регистрацијата на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“. Според „Фондацијата Македонија“ во процес на регистрација со повеќе бугарски здруженија во Струга, Прилеп, Битола и Струмица.
Извор: Локално
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…