Објавено на:

Дадилката на Коста тврди дека тој бил добро момче

t

Дадилката на Коста Кецмановиќ (13), кој на 3 мај изврши масакр во своето училиште во Белград, повторно е повикана на распит во полиција, затоа што имало повеќе недоследности во нејзиниот исказ, дознава српска „Република“.

Дадилката изјавила дека иако поминала 12 и пол години со него и мислела дека го знае најдобро од сите, била во шок поради масакрот, вели извор на порталот, близок до истрагата.

Жената нагласила дека нема сознанија дека момчето знаело да пука.

Никогаш не го видела со оружје, ниту знаела дека оди на стрелиште и знае да употреби оружје. Не ни забележа дека го интересира истото, вели изворот.

Жената понатаму изјавила дека Коста бил примерно момче, со добри манири.

Таа го опиша Коста како вредно и паметно дете кое никогаш не правело проблеми. Бил одличен ученик и имал спортски воннаставни активности, вели изворот.

Дадилката негирала дека знаела дека таткото го учи момчето да пука.

Инаку, истражителите освен бејбиситерката почнале да ги испрашуваат и децата кои биле очевидци на немилиот настан.

Според информации на порталот, децата полека почнале да се отвораат и да зборуваат за злосторството. Тие се под заштита на истражните органи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите пари од сметката на семејството Кецмановиќ…

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот…