Далеку е и Велес ако одиш пеш: 15, 20 или 30 години кога и дали некогаш Македонија ќе стане дел од Европската Унија?

t

Еден од европските лидери, нема да му го кажам името, дури и во дебатата рече: зошто да ги примиме во Европската унија, кога ни се толку поевтини како работна сила“, откри Јанша разговарајќи за деталите од разговорите во Брисел, кај старите членки доминира тесноградоста или „националистичките интереси кои преовладуваат над визијата за слободна, мирна и обединета Европа“. – Дел од изјавата на словенскиот премиер што ги обиколи балканите.

Дали по секоја цена треба да се распродаваат достоинството на граѓаните, името на државата, историјата, припадноста на националните јунаци и дејци, јазикот, културата, сите посебности на една нација и држава, извојувани со илјадници жртви и страдања. Прашања во кои се содржани трагични одговори на предавства, поделби, распаѓање, омрази, илузии, кусогледост, неукост, самоукинување, немање визија, демакедонизација на Македонија…

Дали е предвремено Илинденското востание, дали доцниме со револуцијата и со антифашистичката војна, кој ги изврши предавствата, кои се виновниците за сите наши порази, ќе не спасат ли НАТО и ЕУ?

Србија и Црна Гора заглавени во преговори цела деценија

Србија тринаесет години ги направи првите чекори кон Европската унија, откако на 22 декември 2009 година ја поднесе својата апликација за членство.

По повеќе од една деценија, 2025 година се споменува како потенцијална година на пристапување.

Во Стратегијата за проширување од февруари 2018 година, Европската комисија првпат ја споменува таа година како година во која Унијата би можела да добие две нови членки.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на средбата во Брисел ја потврдија одлуката Србија да го отвори кластерот 4 на Меѓувладината конференција со ЕУ на 14 декември, кој се однесува на зелената агенда и одржливото поврзување.

Досега, според старата методологија на пристапните преговори, Србија има отворено 18 поглавја од 33, од кои две се привремено затворени.

Црна Гора во Јуни 2020 во Брисел го отвори последното поглавје 8 од пристапните преговори со Европската унија.

На Меѓувладината конференција што се одржа во Брисел, на ниво на амбасадори, беше отворено поглавјето за конкуренција, кое ја опфаќа заштитата на конкуренцијата и државната помош. Со ова Црна Гора ги отвора сите поглавја во преговорите со ЕУ.

Црна Гора е во преговори за членство во ЕУ веќе осум години, од јуни 2012 година. Во тој период отвори 32 од 33-те преговарачки поглавја, меѓу кои финансиски најсложени е поглавјето 27 кое се однесува на заштитата на животната средина.

Од земјите од Западен Балкан, Хрватска беше лидер во процесот на евроинтеграциите. Земјата во октомври 2001 година го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, кој стапи на сила во февруари 2005 година. Хрватска во јуни 2004 година се стекна со статус на кандидат за членство, а официјално преговорите ги започна во октомври 2005 година и ги затвори во јуни 2011 година. Официјално, Хрватска стана членка на ЕУ на 1 јули 2013 година.

Процесот на пристапувањето во ЕУ за Хрватска беше потежок во однос на претходните земји кандидат, а самото отворање на преговорите доцнеше поради недоволната соработка со Хашкиот трибунал.

Во однос на хрватскиот случај, треба да се земе предвид дека критериумите за прием во ЕУ, споредени со оние од претходните два брана на проширување, беа дополнителни проширени и отежнати.

За разлика од претходните 12 земји, кои беа примени групно во 2004 и 2007 година, Хрватска требаше во Унијата да влезе сама, што беше прв ваков случај по приемот на Грција во 1981 година.

Во практика тоа значеше дека земјата немаше со кого да се спореди и мораше сама да го сноси административниот товар на преговорите. Од друга страна, пак, немаше опасност дека нејзиното пристапување во Унијата ќе биде забавено од некоа друга, помалку подготвена земја кандидат.

Македонија заглавена во лечење на комшиски комплекси

Првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија се очекува да се одржат наскоро, но нема временска рамка кога тоа ќе се случи.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО, но очигледно е дека Бугарија стана љубоморна на остамките кои ги направивме кон Грција, па сакаше повеќе.

Пристапните преговори немаат определено времетраење, односно зависат од подготвеноста на земјата кандидат и објективната исполнетост на критериумите за членство, но и од подготвеноста на ЕУ, односно политичката волја на земјите членки да одобрат пристапување на нови држави. Taка, на пример, во случајот на Хрватска, формално преговорите траеја 6 години (2005-2011), а во случајот на Турција беа отворени во 2005 и нема изгледи дека ќе завршат во догледна иднина.

Поглавје 35 – нашиот Тројански коњ

Преспанскиот договор се поврзува со процесот на пристапување на тој начин што предвидува временска рамка за спроведување на договорот по области која ќе биде тесно поврзана со текот на преговорите, односно затворањето на соодветните поглавја.

Ставањето на Преспанскиот договор во поглавјето 35 ќе води кон неизбежно додавање и на Договорот за добрососедство со Бугарија, што ќе биде директен извор на нови нестандардни барања и дополнителни услови во секоја следна фаза од преговорите. Што ако Србија или Албанија станат членки пред нас и излезат со свои барања?

Конечно, дури и во случајот на Србија и Косово, каде што ЕУ имаше реална позиција на непристрасен посредник, се покажа дека овој пристап не функционира и Србија побара исфрлање на Бриселскиот договор од поглавјето 35.

Далеку е и Велес ако одиш пеш: 15, 20 или 30 години кога и дали некогаш Македонија ќе стане дел од Европската Унија? Комплексните меѓународни условувања и опресија не ветуваат дека Македонија би можела да стане полноправна земја членка на ЕУ во следната деценија,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стејт департмент: Сите тврдења за мешање на…

Американскиот Стејт департмент објави дека секое тврдење…

Вулин: Србија има политичка поддршка од Русија,…

Србија ја има политичката поддршка од Русија…

Црвен метео аларм во цела Србија поради…

Републичкиот хидрометеоролошки завод предупреди дека во Србија…

„Албанија горда“, напиша Рама откако аеродромот во…

Неколку години по ред бројот на патници…

Албанија ќе ги награди со по 50…

Албанската влада одлучи парично да ги награди…