Дали Владата размислува за забрана на ТикТок – Андоновски: Не сакам да ме сфатат погрешно…
Дали Владата размислува за ограничување на употребата на ТикТок во земјава – вака прашање денеска доби министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски по десетината случаи на повредени деца од предизвикот „Супермен“ на оваа социјална мрежа. Министерот информира дека токму заради ваквата појава се формира Центарот за побезбеден Интернет за деца.
-Следната година со физибилити студија ќе го развиеме и со поддршка од невладиниот сектор и универзитетите УКИМ и „Гоце Делчев“ ќе изработиме платформа на која што ќе се пријавуваат вакви проблеми и ќе се даваат ресурси на оние кои што сметаат дека се жртви на напад и булинг и да се справуваат со истата ситуација. Проектот опфаќа и втора фаза како што е работа со психолозите, педагозите и родителите, со цел да им ги дадеме ресурсите како да си ги заштитат децата онлајн, кажа Андоновски.
Сепак, министерот смета дека е опасно доколку Македонија влезе во забрана на социјални платформи и апликации, поради тоа што, земјава се смета за европска, либерална и држава која верува во прогресивните вредности на ЕУ.
-Би било штетно да одиме кон целосно забранување. Вакви предизвици утре може да се појават на Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб…Ќе треба ли да одиме со забранување на сите мрежи во државата? Многу повеќе треба да работиме со родителите. Не сакам да ме сфатат погрешно, но имам чувство дека имаме недостаток на воспитување на младата генерација и затоа ни се случуваат оие работи. Социјалните медиуми се само платформа за споделување на овие информации, а тие потекнуваат од младите и од недостатокот на воспитување на родителите. Ваков вид на предизвици имало и порано, кога луѓето се повредиле, но се споделувале на друг начин. Државите и општествата работеле со родителите и училиштата и нашиот фокус треба да биде на нив. Нивото на безбедност и заштита на ТикТок е пониско од останатите социјални мрежи и затоа може да се споделуваат видеа кои што повикуваат на насилство, омраза и булинг. Внимателно следиме и ќе се однесуваме како што ќе се однесуваат државите од ЕУ. Ќе следиме за да не направиме нешто што е чекор во спротивна насока на демократијата, но во насока на заштита на младите, кажа Андоновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…
На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…
Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…
(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…