Дали да плаче човек или да се смее? Шаќири: Идната година ќе има учебници за сите

t

Повеќе од 90 отсто од учебниците се доставени за прво, второ, четврто и петто – одделенијата во кои децата учат според нови наставни програми согласно со Концепцијата за основно образование од 2020 година.

Ова го истакна денеска министерот за образование, Јетон Шаќири кој соопшти дека деновиве се доставуваат и последните учебници што недостигаа.

Идната година со нови наставни програми, согласно Концепцијата, ќе бидат опфатени трето и шесто одделение. Уверувам дека сите учебници ќе бидат доставени на 1 септември односно ќе бидат запазени роковите. На почетокот на учебната 2022/2023, поради доцнење на учебниците, учениците во овие одделенија добија материјали за учење за првото тримесечје, рече Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ