Објавено на:

Дали е на повидок голем воен конфликт на Блискиот исток?

t

Израел е во состојба на висока борбена готовност, неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите кон земјата. Меѓувреме на Израелските министри им се доделени сателитски телефони во случај на напад на комуникациската инфраструктура. И додека дипломатите се обидуваат да спречат ескалација, војната на Израел во регионот продолжува… Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека иако на непријателите им се зададени „разорни удари“, населението да се подготви за „ризични денови“.

Додека Иран му се заканува на Израел, САД ќе распоредат дополнителни воени бродови и борбени авиони на Блискиот Исток за да помогнат во одбраната на Израел од можни напади од Иран и неговите посредници, соопшти Пентагон. Распоредувањето ќе вклучи крстосувачи и разурнувачи способни за балистичка ракетна одбрана. Надворешно политичкиот коментатор Љубомир Гајдов за Канал 5 вели дека заканите од Иран -Израел треба серозно да ги земе предвид.

„Мора многу сериозно да се земе предвид заканата на Иранскиот верски водач кој рече дека Иран е многу навреден од Израел што утепаа нивни пријател среде Техеран.

Дел од воените експерти пак предупредуваат дека по ликвидацијата на шефот на политичкото биро на Хамас, тензиите на Блискиот Исток се во„црвена фаза“.Иранскиот лидер, ајатолахот Хамнеи се закани со „строга казна“ против Израел за атентатот на Ханија.

„Разликата помеѓу она што рече лидерот на Иран Али Хамнеји по случувањата кога Израел го бомбардира конзулатот во Дамаск, неговата пораката беше „ние ќе одговориме“. Но, овој пат тој рече дека „ќе бараат одмазда“, што значи дека ударот ќе биде посилен, поголем и против различни цели. Не значи дека цел ќе бидат цивили или цивилна инфраструктура, но тие ќе таргетираат воени цели. И да, сега можноста за прелевање на конфликтот е на маса.“

Инаку наредните денови Израелска делегација ќе отпатува во Каиро на мировни преговори за евентуално примирје во Газа и договор за ослободување на заложниците, најави Нетанјаху. Откако започна војната во Газа по нападот без преседан на Хамас врз Израел на 7 октомври, неговите водачи беа мета, наводно, од страна на Израел шест важни политички фигури се убиени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Уапсен маж кој ѝ се заканувал на…

Маж од американската сојузна држава Вирџинија е…

(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…

Нема потреба од паника и од вознемиреност…

Ѓоковиќ сака да настапи и на Олимписките…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои…