Објавено на:

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за погребот на Папата: Сите гледаа во еден детал,а правилата се јасни

t

Католичката црква е позната по строгите правила на протокол.
Покрај бројните верници, многу светски официјални лица беа на погребот на папата во Ватикан.Меѓу нив беше и Претседателот н а САД Доналд Трамп и сопругата Меланија Трамп, која како и обично предизвика големо внимание.

Покрај тоа што се обидувала да се појави инкогнито и да не предизвика внимание на себе, сепак во тоа не успеа.Нејзиниот моден избор за погребот на Папата сепак стана тема во медиумите, а сега акцентот падна на нејзините чевли. Меланија Трамп се појави во исклучително високи потпетици, што и не е толку чудно кога е таа во прашање, но дали е тоа по протокол?
Католичката црква е позната по строгите правила. Протоколот вели дека машките треба да бидат во темен костум , бела кошула и темна вратоврска, чевлите, чорапите, капутот, чадорот мораат да бидат црни. Другите модни додатоци, како прстени, белегзии и часовници, мора да бидат невпечатливи.

Кога станува збор за дамите, тие се должни да носат црни фустани или костум. Ако одберат фустан, тој мора да биде под колена. Се препорачуваат затворени чевли со ниска потпетица, црни проѕирни хулахопки и црни ракавици.Жените може да носат и црн вел преку глава, но тоа не е задолжително.
Ташната мора да биде мала и црна, а од накит е дозволено мала ситна бисерна огрлица.
Имајќи го предвид наведениот протокол, Меланија носи високи потпетици, па затоа многумина се прашуваат дали го прекршила протоколот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…

За време на неговата прва аудиенција со…

(Во живо) Лав XIV е првиот папа…

Новиот папа е Роберт Превост од САД,…

Конклавата за избор на нов папа ќе…

Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…