Дали можеш да победиш без да правиш ништо?
Апсолутно да… Ќе објаснам со еден прост пример како контролите на летање во М-НАВ го победија системот. Главната цел на луѓето кои го контролираат системот е истиот да продолжи да функционира бидејќи без системот овие елити се никој и ништо.
Кај овие елити нема ниту етика, ниту морал кај нив приоритетот е моќта, една од најопивачките состојби на умот, чувство кое многумина би го ставиле пред своите основни човекови потреби.
Проблемот кој се појавува е тоа што останатите луѓе кои се дел од системот, но не се на високи поизиции имаат лажно чувство на придонес и сатисфакција ако системот продолжи да функционира. Едноставно овие луѓе се чувствуваат добро и задоволно ако продолжат да ги обавуваат своите работни обврски кои со тек на времето поминуваат во навики, а човекот е суштество од навика.
Што ќе ми е системот побогу ако истиот не служи на моите најдобри интереси и се разбира на општото добро?
Апропо примерот со вработувањата во М-НАВ имавме обид да биде поништен конкурс бидејќи истиот не го поминале „нашите деца“. Доколку истите влегоа на работа постоеше сериозен ризик од голема авионска несреќа, илјадници животи ќе беа загрозени.
И се разбира вработените во М-НАВ го направија вистинскиот избор знаејќи ги последиците од овој опасен преседан.
Што направија тие?
Се заканија со колективен отказ и напуштање на своите работни места ако контролори на летања станат „нашите деца“.
Поентата е дека за да го промениме системот понекогаш се што треба да направиме е да се заканиме со граѓанска непослушност, односно едноставно да одбиеме да партиципираме во системот.
Не само со пример своите ставови ќе ги поткрепам со филозофијата на Етиене Ла Ботие, француски oбвинител, класицист, писател, поет, филозоф и политички теоретичар кој го поставува основното политичко прашање, а тоа е зошто луѓето се покоруваат на власта.
Одговорот тој го наоѓа во тенденција на луѓето да робуваат, да дозволуваат самите да бидат управувани од тирани.
Според него слобода од ропството не доаѓа како резултат на насилно дејство, туку со одбивањето на народот да служи на власта. Тирантите паѓаат кога народот повеќе не ги поддржува.
Сите луѓе и сите животни имаат тенденција не кон робување и слугување туку кон слобода, но во модерното општество партиципацијата во системот кај луѓето создава едно чувство на испонетост, дека впрочем правиш нешто што е важно за тебе, твоите блиски и идните поколенија.
Но партиципацијата во систем кој е дотолку корумпиран, трул, расипан е недозволива. Граѓанската непослушност е најбрзиот и најлесниот пат до слобода и остварување на било кое политичко или општествено барање, но очигледно политичките елити кои имаат ќар од овој систем никогаш нема да повикаат на такво нешто.
Па сетете се на шарената револуција, дури и во најконфликните периоди никој не се одважи да го повика народот да не партиципира во системот. Се додека не се случи масовно одбивање за учество во системот ќе имаме ситуација „сјаши Мурто да узјаше Курто“.
-За да го постигнат доброто што го посакуваат, смелите не се плашат од опасност; интелигентните не одбиваат да претрпат страдања. Глупавите и кукавиците се тие кои не можат ниту да ги издржат тешкотиите ниту да ги оправдаат своите права – Етиене Ла Ботие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пуџдемон се врати во егзил во Белгија
Лидерот на каталонските сепаратисти Карлес Пуџдемон, кој…
Му се заканува казна до 60.000 евра:…
Совршено зачуваните улици и сè уште постоечките…
Американците преку Франција до златен олимписки медал…
Тимот на САД ја продолжи легендата на…
Рускиот милијардер жестоко го критикуваше Путин: Најхрабра…
Рускиот олигарх Олег Дерипаска ја нарече војната…
Тројца германски пливачи на отворени води се…
Тројца германски пливачи на отворени води се…